Активности

Факултет за драмски уметности 

АКАДЕМСКА СЦЕНА НА ФДУ СКОПЈЕ

Дипломска претстава на студентите по актерска игра со познaвање на турски јазик
Класа на проф. м-р  Елјеса Касо

"РАНА МУГРА" - Незихе Мерич
 
ИГРААТ:
Инес Радончиќ
Жале Османи


"СТАРИ ФОТОГРАФИИ" - Динчер Сумер
 
ИГРААТ:
Сема Муртеза
Јеткин Сезаир
Емине Халил
 
ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ
24-04-2015 (петок), 20.00 часот


Факултетот за музичка уметност 


Програма и фотографии

Факултетот за музичка уметност 


Фотографии

Факултетот за музичка уметност 


Програма и фотографии

Факултетот за музичка уметност 


Фотографии

Факултетот за музичка уметност 


Програма и фотографии

Факултетот за музичка уметност 


Фотографии

Факултетот за музичка уметност 


Програма и фотографии

Факултетот за музичка уметност 


Фотографии

Факултетот за музичка уметност 


Програма и фотографии

Факултетот за музичка уметност 


Програма и фотографии

Факултетот за музичка уметност 


Фотографии

ТРИ ВО ЕДНО: 45 ГОДИНИ ФДУ, МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА И СКОМРАХИ 2014 

Термин: 1-ви до 7-ми ноември 2014 година
Настан 1: 45 години ФДУ,
Локација: Драмски театар
Организатор: УКИМ Факултет за драмски уметности - Скопје

На 1-ви ноември во Драмскиот театар се славеа 16,437 денови постоење на најстарата и најдобра образовна институција која едуцира актери, драматурзи, сценаристи, театролози, продуценти, режисери, филмски и телевизиски монтажери и сниматели. 16,437 денови и над 540 дипломирани студенти, 45 магистри и 9 доктори на науки кои поминале низ постземјотресните бараки на улица Руѓер Бошковиќ до неодамна без број, а сега со број 22.

Деканот Лазар Секуловски им се заблагодари на подржувачите, професорите и студентите кои допринеле за напредок на институција во текот на 16,437 денови постоење, и ги претстави досегашните достигнувања, но и перспективите за развој на Факултетот, согласно промените и потребите на времето. „Цврсто сум убеден дека не ни недостигаат инспирација и воља и дека позитивното, креативното, кооперативното и инспиративното опкружување на нашиот ФДУ ќе трае уште илјада години.’’

Обраќање имаше и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил Mетодиј“, професор д-р Велимир Стојковски, кој го честита јубилејот и вети подршка. - Ректоре, Ве држиме за збор!

Преку две паралелни приказни кои беа дел од краткиот пригоден филм за јубилејот на ФДУ беше прикажана кратката историја на Факултетот. Едната, за важните настани и откритија во светот; втората, за важните настани и откритија клучни за напредокот на оваа институција, тие, документаристички издржано и со факти, покажаа дека благодарение на тоа што во 1969 е формиран ФДУ, луѓето се качиле на месечината. Без лажна скромност ја прифативме сета благодарност од човештвото.

Во продолжение беше одиграна испитната претстава ‘’Dies Irae’’, работена по текстот на Жанина Мирчевска, а во изведба на студентите по актерска игра во класата на проф. Мими Таневска Србиновска.

Средбата на генерациите беше заокружена со коктел каде се сретнаа сите гости, споделија искуства и спомени... Можеби и жал за младост?!...

Настан 2:     Меѓународна конференција „Искуствата и перспективите на     факултетите за драмски уметности“
Локација:     Конгресен центар - Охрид
Организатор:     УКИМ Факултет за драмски уметности - Скопје

Почеста размена на искуства, поголема и полесна мобилност на студентите, повеќе заеднички проекти, заедничко лобирање пред државните институции - беа дел од предлозите изнесени од претставниците на драмските факултети и академии од Македонија (ФДУ и ЕСРА), како и од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија на Меѓународната конференција одржана во Охрид, по повод 45-годишнината на Факултетот за драмски уметности. Иницијалната тема „Искуствата и перспективите на студирање на факултетите за драмски уметности“ ги инспирираше дискутантите да се насочат кон три главни пункта: прашањето дали треба да се создаваат професионалци или уметници, дали новите технологии уметноста ќе ја претворат во индустрија, како и потребата за поголема мобилност и размена помеѓу факултетите/академиите. Дискусијата ја модерираше професор д-р Сашко Насев.

Настан 3:     „Интернационални средби на академиите и факултетите за драмски     уметности - СКОМРАХИ 2014
Локација:     УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје
Организатор:     УКИМ Факултет за драмски уметности - Скопје

23-то издание на Интернационалните студентски средби на Факултетите и Академиите за драмски уметности - СКОМРАХИ 2014 ги собра на Факултетот за драмски уметности студентите и професорите од Факултетите и акдемиите од Словенија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Македонија. Стотина студенти, нешто помалку професори и соработници, 8 театарски претстави, 52 филмови и над 1000 гледачи.

И за крај една од многуте импресии на оние кој биле, доаѓаат и ќе доаѓаат на Скомрахи: „Таму каде што вечно сјае ГЛУМАТА, таму е Македонија“ (проф. Ален Муратовиќ - АСУ, Сараево).

Фотографии

Факултетот за музичка уметност 

Реномираниот флејтист Емануел Пају на 13.11.2014 година одржа семинар на Факултетот за музичка уметност - Скопје на кој учествуваа студенти по флејта на факултетот. Семинарот беше проследен и од наставниви од ФМУ - Скопје, како и наставници и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје.

Фотографии

Факултетот за музичка уметност 

На 12ти ноември (среда) во Македонскиот народен театар, концерт ќе одржи еден од најзначајните виолинисти на својата генерација – Кирил Трусов. На концертот Трусов настапува како солист и диригент на Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ од Скопје.

- На огромно задоволство на македонската публика, Кирил Трусов повторно во Македонија, и за прв пат во Скопје. Со своите два концерта на фестивалот „Охридско лето“, Трусов ја воодушеви публиката и докажа дека е изведувач од светски ранг. Својата маестрална изведба Трусов ќе ја потврди со изведба на четирите виолински концерти на италијанскиот композитор Антонио Вивалди, попознати како „Четири годишни времиња“.

Особено ми е драго што студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје, членови на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, ќе имаат можност да настапат заедно со овој врвен уметник.  Трусов ќе одржи и мајсторски курс, на кој учесниците ќе имаат можност да ги прошират своите сознанија за изведувачката техника и интерпретацијата, искуство кое со сигурност ќе им помогне во нивната понатамошна професионална надградба – изјавува Гордана Јосифова-Неделковска, Декан на ФМУ и организатор на концертот.

Кирил Трусов се образувал под менторство на истакнатите уметници и педагози Захар Брон и Кристоф Попен, како и Игор Ојстрах и Јехуди Менухин. Со своите многубројни солистички настапи, Трусов стекнал углед на исклучителен уметник, а неговите концерти се многу високо оценети од голем број критичари во светот. Настапувал со различни оркестри од целиот свет (Филхармонискиот оркестар на Минхен, Националниот оркестар на Франција, Радио-симфонискиот оркестар на Баден-Баден и др.), а исто така соработувал и со диригенти како Сер Невил Маринер, Лоренс Фостер, Владимир Спиваков, Дејвид Стерн и др. Кирил Трусов настапува и како камерен музичар, заедно со голем број реномирани изведувачи. Редовен гостин е на некои од најпрестижните фестивали, како фестивалот „Verbier“ во Швајцарија, фестивалот „Менухин“ во Гастаг, фестивалот „Шлезвих-Холштајн“ во Германија и други. Оваа година значаен е и неговиот настап на Зимските олимписки игри во Сочи.
Добитник е на голем број награди и признанија (Наградата „Давидоф“ на музичкиот фестивал „Шлезвих-Холштајн“; европската награда „Про-Европа“ и др.). Свири на виолина „Страдивари“ која потекнува од 1702 година, на која свирел познатиот виолинист одXIX век – Адолф Бродски.

Концертот, кој го организира Скопје Класик, е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. На програмата се четирите виолински концерти на италијанскиот композитор Антонио Вивалди, попознати како „Четири годишни времиња“.

Влезниците за концертот се во продажба во билетарницата на Македонски народен театар. Почетокот на концертот е во 20 часот.

Не пропуштајте ја оваа исклучителна можност да уживате во исклучителната изведба на истакнатиот виолинист Кирил Трусов!

Стоечки овации и три биса на концертот на еминентниот виолинист Кирил Трусов од Германија со камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ - Скопје

- Три биса по кои следеа стоечки овации го одбележаа вчерашниот концерт на маестралниот виолинист Кирил Трусов. Со одличната изведба на концертите од циклусот „Четири годишни времиња“ на италијанскиот композитор Антонио Вивалди, овој исклучителен уметник уште еднаш ни докажа дека е вистински виртуоз на својот инструмент. Миленикот на светските сцени, се покажа дека е миленик и на македонската публика, која едвај ја собра во преполната сала на Македонскиот народен театар. И улогата на диригент совршено му прилегаше на Трусов. Тој успеа одлично да се снајде и како предводник на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“.

Фотографии

Факултетот за музичка уметност 

Концерт во рамките на Есенски музички свечености кој се одржа на 10 ноември на Факултетот за музичка уметност - Скопје.

Фотографии

Факултетот за музичка уметност 

Концерт на студенти од вокално-инструменталните оддели на ФМУ - Скопје во рамките на „Musica Viva“ кој се одржа на 5 ноември на Факултетот за музичка уметност - Скопје.

Фотографии

Факултетот за музичка уметност 

Еминентниот германски, но и светски флејтист, Дејан Гавриќ, од 27-ми до 30-ти октомври ќе одржи неколку мајсторски курсеви на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Гавриќ е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Мајнц, Германија. A одржува и мајсторски курсеви ширум светот. Проф. Гавриќ за прв пат доаѓа на Факултетот за музичка уметност – Скопје и неговите мајсторски курсеви, без сомнение, ќе бидат од огромна корист за сите млади флејтисти. Предавањата се наменети не само за студентите на Факултетот, туку и за сите заинтересирани кои би сакале да ги надградат своите сознанија за техниките на изведба на флејта, како и за пошироките аспекти на музичката уметност и интерпретација.

На Факултетот за музичка уметност - Скопје, во тек е семинарот по флејта со еминентниот флејтист и професор Дејан Гавриќ од Германија, на кој покрај студентите од факултетот, присуствуваат голем број млади флејтисти, како и ученици и професори од средните музички училишта од Македонија.
Дејан Гавриќ е роден во Белград, каде го завршува своето основно и средно образование. Се запишува на Факултетот за музичка уметност во Белград, а набрзо потоа добива стипендија на Факултетот за уметности „Фолкванг“ во Есен, Германија, каде ги продолжува студиите во класата на проф. Матијас Рутерс. Во 1991 година дипломира со највисоки одликувања, а во 1993 година ги завршува своите последипломски студии и веднаш потоа станува професор на истиот Факултет.

Во текот на својата кариера Гавриќ настапувал со голем број значајни оркестри во Европа, а како солист и камерен изведувач одржал бројни концерти во Србија, Хрватска, Англија, Франција, Шпанија, Австрија, Италија, Германија како и во Јапонија и Соединетите Американски Држави. Учествувал на неколку интернационални натпревари (Натпреварот „Мариа Касалс“ во Барселона, Шпанија; Натпреварот „Леонардо де Лоренцо“ во Вијаџо, Италија и др.), а добитник е и на повеќе награди, меѓу кои и Наградата „Фолкванг“ за најголеми уметнички достигнувања. Од 2002 година Гавриќ е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Мајнц.

Фотографии


Факултетот за музичка уметност 

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРЃЕ ИВАНОВ ВО ПОСЕТА НА ФМУ-СКОПЈЕ

На (18ти и 19ти октомври) познатиот саксофонист и џез едукатор Марк Момас, од "The New York Jazz Workshop" одржа џез работилница на Факултетот за музичка уметност - Скопје. Интересот за оваа работилница беше голем. Учествуваа студенти од нашиот Факултет, студенти од Музичката академија на УГД во Штип, ученици како и голем број љубители на џезот. Од особено значење беше и присуството на претседателот на Република Македонија - Ѓорѓе Иванов.

Сите учесници беа многу задоволни од работилницата, потенцирајќи дека тоа било еден одличен начин да дознаат нешто повеќе за џез музиката од реномирани музичари. Изненадување за нив беше и настапот на Момас, заедно со уште еден познат џез музичар – пијанистот Метју Шип. Имено, Шип е еден од учениците на годинешниот Скопски Џез Фестивал. Тој во петокот одржа концерт во рамките на овој фестивал, со кој докажа дека е еден од најбрилијантните џез пијанисти на својата генерација. Оваа џез работилница беше поддржана од фондацијата „Аполонија“.

Фотографии

Факултетот за музичка уметност 

Во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, на 15.09.2014 година, се одржа свечен концерт по повод Првиот академски час на новата генерација запишани студенти во академската 2014/2015 година. Пред започнувањето на концертот, Деканот на факултетот, проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска, одржа поздравен говор и им посака многу успех на новозапишаните студенти.

Фотографии

Факултет за музичка уметност 

Завршен концерт на летната музичка работилница

Еден од значајните настани за македонската наука и уметност, како и за високото образование стана потпишувањето на договорот за соработка помеѓу Македонската Академија на науките и уметностите и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – најстариот универзитет во Република Македонија. Како резултат на овој договор интензивирана е соработката со факултетите на Универзитетот од која произлегуваат проекти значајни за сите нивни чинители и учесници. Во овој процес е вклучен и Факултетот за музичка уметност – Скопје. Во периодот 28 јуни – 3 јули 2014 година во рамките на манифестацијата „Научна и уметничка визита 2014“организирана од Македонската Академија на науките и уметностите и Охридскиот книжовен и научен центар „Уранија“ се одржува Летната музичка работилница со професорите и студентите од класите по флејта, виолина, соло-пеење, гитара и хармоника на Факултетот за музичка уметност – Скопје. „Ни претставува особена чест и задоволство да учествуваме во овој проект. Ваквата соработка со МАНУ и Охридскиот центар „Уранија“ е од големо значење за Факултетот за музичка уметност како дел од УКИМ и претставува вистински поттик за нашите млади уметници и нивните професори. Работилницата ќе биде завршена со концертот на нејзините учесници, а на програмата се делата од Бах, Вивалди, Барток, Чајковски, Дербенко, Генин, Гане, Мерц, Пјацола. Ве покануваме на овој музички настан!“ – вели Деканот на ФМУ – Скопје проф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска.

Концертот ќе се одржи на 3 јули (четврток) во Куќата на Уранија, Охрид, со почеток во 19 часот, влезот е слободен.

Фотографии


Факултет за драмски уметности 

    » Академска сцена (30.04.2014 - 03.06.2014)

Факултет за ликовни уметности 


Факултетот за ликовни уметности Ве поканува  на  годишната завршна изложба на студентите од првиот и вториот цилкус на студии од учебната 2013/2014 година. На изложбата студентите ќе ги претстават своите најуспешни остварувања од студиските програми по сликање, вајање, графика и ликовна педагогија.

Факултетот  ќе  ги додели и наградите за најдобар  студент  по  студиските   програми како и наградата Борка Лазески за сликарство која се доделува во соработка со Музејот на град Скопје.

Отварање, објект Сули Ан, 15.5.2014г., четврток, 20.00ч.

Отварање и свечено доделување на наградите, објект Педагошки факултет, 16.5.2014г., петок, 20.00ч.

Изложбата ќе биде отворена до 23.5.2014 година.


Факултет за музичка уметност  

Уште еден голем успех на хорот „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност – Скопје, кој под диригентско водство на вонр. проф. м-р Сашо Татарчевски освои една прва, една втора награда и статуата на Св.Сесилија на фестивалот на духовна музика во Вроцлав, Полска.