ИНОФЕИТ

ИНОФЕИТ – Центарот за трансфер на технологии и иновации 


Во 2018 година УКИМ го осниваше Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ е примарно насочен кон подобрување на соработката на академскиот кадар на УКИМ со индустријата, стимулација на иновативноста на студентите и академскиот кадар како и поддршка на трансферот на технологии од теоретски истражувања и лабораториски прототипови во комерцијални производи.

Продлабочувањето на соработката помеѓу академскиот кадар и стопанството/индустријата се одвива преку понуда на услуги во доменот на договорно истражување (анг. contract research). Во рамките на овие договори, ИНОФЕИТ работи на иновативна компонента која има потенцијал за подоцнежна комерцијализација од страна на компанијата со која е склучен договорот.

ИНОФЕИТ има респектабилна меѓународна видливост во извештајниот период. Активностите беа презентирани на регионална летна школа за трансфер на технологии одржана во Скопје во јуни 2019 како и на JRC конференцијата за развој на S3 во Белград во октомври 2019.

ИНОФЕИТ е единствениот иновативен ентитет од државата спомнат и во извештајот на ЕУ за напредокот на РСМ, објавен во мај 2019 (страна 85):

Chapter 25: Science and research
... The INNOFEIT centre for technology  transfer  and innovation is producing its  first  tangible  results ...


Веб страна и присуство на социјални мрежи 

За потребите на ИНОФЕИТ пуштена е веб страна http://inno.feit.ukim.edu.mk која редовно се ажурира со сите активности.

Исто така, ИНОФЕИТ поседува и сопствена Linkedin страна на која редовно се поставуваат сите активности.