Отворена наука

Меѓународна Недела на Отворен Пристап - Open Access Week 

Меѓународната Недела на Отворен Пристап Open Access Week е глобален настан, кој е community-driven, можност за академската и истражувачката заедница да ги осознае придобивки од отворениот пристап за истражување.

Темата на овогодинешната Меѓународна недела на отворен пристап, ќе биде „Важно е како до отворено знаење: градење на структурна еднаквост“. Овогодинешната тема намерно се совпаѓа со усвоените препораки на УНЕСКО за Отворена Наука, каде Отворениот Пристап е клучна компонента. Датум на одржување: 25-31 Октомври, 2021.

„Отворената наука треба да ги опфати разновидноста на знаења, практики, работни текови, јазици, резултати од истражување и истражувачки теми, а кои ги поддржуваат потребите и епистемичкиот плурализам на научната заедница како целина, различни истражувачки заедници и научници, како и пошироката јавност, носители надвор од традиционалната научна заедница, вклучувајќи ги граѓаните и локалните заедници, општествените актери од различни земји и региони, како што е соодветно“ (Препорака на УНЕСКО за Отворена Наука, стр.7)

УКИМ го поддржува отворениот пристап на различни начини. Речиси сите списанија поддржани од УКИМ се со отворен пристап до пошироката јавност. Достапните списанија објавени од членовите на УКИМ најдете ги овде.

Проф. д-р Владимир Трајковиќ од ФИНКИ е амбасадор на УКИМ за Отворена Наука. Тој е иницијаторот УКИМ да ја потпише Берлинската Декларација за Отворен Пристап. Тој е претставник на УКИМ во OpenAIRE - AMKE и македонски претставник во Истражувачката Инфраструктура за Отворен Пристап во Западен Балкан.

NI4OS training event: Втор национален тренинг во рамките на проектот NI4OS-Europe 

Тренингот, во форма на вебинар, ќе се реализира преку платформата за тренирање развиена во рамките на NI4OS проектот.

Датум на одржување: 15ти Октомври 2021 год. (Почеток: 10:00 / Крај: 13:00)

Повеќе информации, како и можност за регистрација, на следниот линк


Националната иницијатива за отворена наука во облакот 

National Open Science Cloud Initiative NOSCI.mk

 

Последни новости

22-11-2021 - ОДБОРОТ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Официјална средба на Ректорот проф.д-р Никола Јанкуловски со членовите на Одборот за евалуација на високото образование

22-11-2021 - ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА
ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

11-11-2021 - УКИМ го промовираше Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
На УКИМ, преку панел на тема: "УКИМ во интернационални рамки" се промовираше основањето на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс

10-11-2021 - Одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој 10 ноември 2021
Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката, 10 ноември, со промоција на најдобрите научници и панел на тема: УКИМ во интернационални рамки, кој се одржа денес, 10 ноември 2021

08-11-2021 - Oтворениот ден на УКИМ ќе се одржи на 30.11.2021.
Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје, на 30 ноември 2021 организира "Отворен ден на УКИМ"

08-11-2021 - Одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој 10 ноември 2021
УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој, со настан кој ќе се одржи на 10 ноември 2021 (среда), со почеток во 13:00 часот

05-11-2021 - Проф. д-р Јозеф Лауринчик, стана почесен доктор (doctor honoris causa) на УКиМ
Проф. д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот "Константин Филозоф" во Нитра, Р Словачка стана почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје

28-10-2021 - На 2 ноември
ЗБОРУВАМЕ ОТВОРЕНО ЗА СОВРЕМЕНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

22-10-2021 - Нов меѓународен проект
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО НОВ ПРОЕКТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИНОВАЦИИТЕ И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО, ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОГИЈА

22-10-2021 - Преку синергија на теоријата со праксата,
УКИМ И КХВ ЌЕ СОРАБОТУВААТ ВО ОБЛАСТА НА ПАЗАРОТ ЗА КАПИТАЛ

22-10-2021 - Нова лабораторија
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА МАТЕРИЈАЛИ И НАНОТЕХНОЛОГИИ

22-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНA НАГРАДAТА „26 ЈУЛИ“ НА ДЕСЕТМИНА СТУДЕНТИ

12-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ

08-10-2021 - NI4OS training event:
ВТОР НАЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ NI4OS-Europe

08-10-2021 - На 12 октомври, УКИМ
ЌЕ ГИ НАГРАДИ СВОИТЕ НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ

07-10-2021 - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ДОДЕЛИ 135 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАПИШАА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТИТЕ НА УКИМ

05-10-2021 - УКИМ распишува ИНТЕРЕН КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИ НАУЧНИЦИ И УМЕТНИК НА УНИВЕРЗИТЕТОТ„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЗА 2020 ГОДИНА