54. Летна школа на МСМЈЛК


54-тата Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура која ќе се одржи во периодот од 15 август до 1 септември 2021 година во Охрид, ќе се одвива според следената програма:



Отворање на 54-тата летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Предавање на проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Промoцијата на зборникот Конески на 11 јазици



Предавање на проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, на тема: Блаже Конески за македонската литература од 19 век



Предавање на проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, на тема: Блаже Конески за Зборникот на Миладиновци



Промоцијата на книгата Теми за македонската книжевност XX век, од академик Ала Шешкен



Предавање на академик Катица Ќулавкова на тема: Поетиката на прозата на Б. Конески, жанровски и стилски карактеристики



Предавање на проф. Људмил Спасов на тема: Очи во очи со Блаже Конески



Предавање на проф. д-р Ана Мартиноска на тема: Блаже Конески како инспирација



Предавање на проф. д-р Елизабета Шелев на тема: Блаже Конески во 21 век



Промоцијата на книгата „Книга за Живко Чинго“



Тркалезна маса на тема: Блаже Конески во наставата по македонски јазик, литература и култура на странските универзитети



Предавање на проф. д-р Венко Андоновски на тема: Апрокрифното потекло на поимите „сила“, „бог“ и „острастеност“ во епско-лирските песни на Конески



Предавање на проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски на тема: Препрочитување на „Молитва“ од Блаже Конески низ призмата на псалтирскиот пролог



Предавање на проф. д-р Димитар Пандев на тема: Блаже Конески во Охрид