летна школа


* П О К А Н А *

* П Р И Ј А В А *


logo

    Почитувани,

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оваа година во периодот од 16 јуни до 1 јули 2018 година ja организира веќе традиционалната 51. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Во рамките на Семинарот, на 16 и 17 јуни ќе се одржи 45. Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти пред учесниците на летната школа ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката. Тема на лингвистичката секција е: „Статусот на македонскиот јазик во и надвор од границите на Република Македонија“, додека на литературната секција: „Поетски книжевен тестамент (Кочо Рацин, Блаже Конески и Петре М. Андреевски“. Летната школа со своите активности започнува на 18 јуни 2018 година. Наставата ќе се одвива со секојдневни активности на учесниците насочени кон изучувањето на македонскиот јазик преку лекторски курсеви поделени според степенот на познавање на јазикот. За таа цел, предвидени се секојдневни тематски предавања, од кои Предавањата ќе ги изведуваат универзитетски професори и истакнати научни работници. Покрај  предавањата, учесниците во попладневните термини ќе ги следат  курсевите по избор кои ќе ги раководат специјалисти од соодветните подрачја, а преку нив учесниците ќе можат поконкретно и интерактивно да се запознаат со најновите истражувања што се предмет на нивниот интерес. 

    Во вечерните часови е предвиден термин за презентации, промоции и интерактивни настани  со кои ќе се збогати научната и културната понуда за учесниците. Во рамките на овие термини ќе се промовираат најнови научни и книжевни изданија, ќе се овозможат средби со познати македонски автори, ќе се овозможи проекција на документарни филмови од областа на културата и етнологијата.

    Доследно почитувајќи ја традицијата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку предвидените активности на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, од 16 јуни до 1 јули во Охрид - градот на древните цивилизации, духовната традиција и на изворот на словенската писменост, постепено прераснува во летен Универзитет по македонистика.

Организатор

    Летната школа ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје
msmjlk@ukim.edu.mk
www.ukim.edu.mk/msmjlk

Учесници

    На Летната школа годинава учествуваат 74 учесници - стипендисти, меѓу кои: странски студенти од прв циклус студии, кои го слушаат предметот македонски јазик во рамките на студиските програми на своите универзитети; студенти на втор и трет циклус студии кои во своите истражувања проследуваат теми во врска со македонскиот јазик, литература и култура и научни работници и универзитетски професори кои истражувале или истражуваат проекти од областа на македонистиката.

    Најголем дел од учесниците добиваат стипендии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпомогнат Министерството за култура при Владата на Република Македонија.

Предавачи и лектори

    На Летната школа предавањата и курсевите ќе ги реализираат универзитетски професори и научни работници од повеќе единици во состав на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј„ во Скопје. Лектори ќе бидат наставници и соработници од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, кои се обучени за одржување настава по македонски јазик како странски, согласно стандардите на Европската рамка за изучување на јазиците и кои ги користат методите и стандардите на Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски.

Програма

    Летната школа се реализира преку секојдневни лекторски часови поделени според нивото на познавање на јазикот и нивниот интерес на почетно, средно и напреднато рамниште за лингвисти или литерати. Секој ден претпладне, по лекторската настава, терминот е резервиран за тематско предавање, а наставата продолжува попладне преку следење на еден од курсевите по избор на стипендистите. Годинава се понудени следниве курсеви:
-    Курс: Македонскиот јазик меѓу традицијата и иновацијата
-    Курс: Македонската поезија
-    Курс по македонски народни ора
-    Курс по македонски фолклор
   
Локација

    51. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура ќе се одржи во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  оддалечен (7км) од градот Охрид, сместен покрај брегот на Охридското Езеро.

Членови на организациски тим
Проф. д-р Славица Велева
Евдокија Илијевска


Контакт
- Поштенска адреса: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје
- број на телефон: +389 2 32 93 232
- електронска адреса: msmjlk@ukim.edu.mk

Директор на Семинарот
Проф. д-р Славица Велева

 
Документи
1 Програма 2001
2 Програма 2002
3 Програма 2003
4 Програма 2004
5 Програма 2005
6 Програма 2006
7 Програма 2007
8 Програма 2008
9 Пријава 2016
10 Покана 2016
11 Пријава 2017
12 Покана 2017
13 Пријава 2018
14 Покана 2018

 

Последни новости

20-06-2018 - Градежен факултет - Скопје
одржани 16-тата Европска-подунавско конференција за геотехничко инженерство и Семинар под наслов “Управување со ризици во тенелоградбата”

12-06-2018 - КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1
ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за академската 2018/2019 година

12-06-2018 - Од доделувањето на
награди за најдобрите студенти на УКИМ

11-06-2018 - Предавање
„Математичари, Мистици, Чуда“

05-06-2018 - 8.6.2018, петок, 11.00ч., Ректорат на УКИМ
УКИМ ги наградува најдобрите студенти

31-05-2018 - Предавање
под наслов: „Пребришани умови, испрани мозоци“

31-05-2018 - Од одбележувањето на
69-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот

07-05-2018 - Светски ден на креативноста и иновативноста
21 Април 2018 година

07-05-2018 - П О К А Н А
по повод одбележувањето на 69-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот.

02-05-2018 - Учеството на Правниот Факултет
на меѓународниот натпревар по меѓународно право Philip Jessup

25-04-2018 - ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ
5.5.2018 / 10:00 - 17:00 / Кампус на технички факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ)