Инфо блок

Поставена: 09-12-2016 22:42  
ФМУ НА УКИМ
ПРОСЛАВИ 50-ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ И РАБОТА

На 6. декември о.г., Факултетот за музичка уметност ја одбележа 50-годишнината од своето постоење и работа. По тој повод, Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје му додели Орден за заслуги за Македонија.

Истиот ден, по повод  50 годишнината од основањето на најстарата музичка високообразовна институција во Република Македонија - Факултетот за музичка уметност - Скопје, се одржа и свечен настан, на кој за постигнатите резултати на ФМУ во образовната, уметничката и научната дејност, како и за збогатување и промовирање на македонската музичка култура и афирмација на Република Македонија во светот, говореа ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски и в.д. деканот проф. м-р Зоран Пехчевски.

На свеченоста, проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска, проректор за меѓународна соработка на УКИМ и поранешен декан на ФМУ во два мандатни периода, додели посебни благодарници на институциите кои изминативе години несебично го поддржуваа Факултетот и даваа придонес за неговиот развој: на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Македонската опера и балет, на Македонската филхармонија, на Министерството за култура на Република Македонија и на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

На свечениот концерт на кој настапија Симфонискиот оркестар на ФМУ, „Биг-бендот“, хорот и оркестарот на народни инструменти, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски и проф. м-р Саша Николовски – Ѓумар, премиерно беше изведена композицијата „Твојот пат“ од проф. Живоин Глишиќ, која специјално беше компонирана за овој настан. Исто така, публиката имаше исклучителна можност да слушне и премиерни изведби на композиции од Г. Свиридов, И. Стравински, Д. Мијо, Х. Вила-Лобос и А. Гинастера.

Како солисти настапија и поранешните студенти на Факултетот за музичка уметност - Скопје, баритонот Иван Наумовски и сопранот со светска слава, доц. м-р Ана Дурловски.

Концертот беше реализиран во соработка со продуцентската куќа „La Fura dels Baus“ од Шпанија.


Останати вести

 

Последни новости

23-03-2017 - На ФДУ
OДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

13-03-2017 - Во Ректоратот на УКиМ
СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ

08-03-2017 - На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје
СЕРИЈА ПРЕДАВАЊА - „ДИГИТАЛНИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“

28-02-2017 - На ИСППИ
НАУЧНА СРЕДА

17-02-2017 - Руски центар при УКиМ
ДОДЕЛУВАЊЕ СЕРТИФИКАТИ ПО РУСКИ ЈАЗИК ЗА КУРСИСТИТЕ ОД РУСКИОТ ЦЕНТАР ПРИ УКИМ

17-02-2017 - Во Ректоратот на УКиМ
ПОСЕТА НА В.Д. АМБАСАДОРОТ НА УКРАИНА ВО РМ

07-02-2017 - Институтот „Конфуциј“ при УКиМ организира
ДЕНОВИ НА КИНЕСКИ ФИЛМ

03-02-2017 - На УКИМ
ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ НА САД ВО РМ Н.Е. Г-ДИН ЏЕС БЕЈЛИ

27-01-2017 - КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ВО 2017 ГОДИНА
МОН го објави е конкурсот за државната награда „Гоце Делчев“

27-01-2017 - Во Ректоратот на УКиМ
ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА СО ЕРАЗМУС+ СТУДЕНТИТЕ

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Шумарски факултет

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје