Инфо блок

Поставена: 26-11-2019 15:30  
Обраќање на ректорот на УКИМ
ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ДО СТУДЕНТИТЕ ПО ПОВОД ПРЕТСТОЈНИТЕ СТУДЕНТСКИ ИЗБОРИ
Драги студенти,

Ве известувам дека согласно одредбите на актуелниот Закон за високото образование и Статутот на УКИМ, на факултетите на УКИМ е започната постапка за избор на претседатели и членови на факултетските студентски собранија. Во таа насока, апелирам и ве повикувам на конструктивна соработка. Искористете го вашето право и излезете на студентските избори колку што е можно помасовно, гласајте фер и демократски и дајте го вашиот глас на оние ваши колеги за кои сметате дека најдобро ќе ги претставуваат вашите права, обврски,интереси, потреби, барања. Дајте им поддршка на колегите кои ќе бидат само ваши претставници и ќе ги застапуваат само вашите интереси како најважен интегрален дел на академската заедница на УКИМ.

УКИМ ќе продолжи и во иднина да биде отворен и спремен да продолжи со својата определба да излезе во пресрет на сите ваши барања и да ги поддржи вашите достигнувања сè со една и единствена цел: успешна реализација и унапредување пред сè на наставно-образовниот процес и, едновремено, подигнување на степенот на ефикасностa и квалитетот на севкупното работење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Нашите заеднички резултати и успеси, исто така, ќе имаат свој придонес во перманентниот развој на дејноста на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и неговата афирмација во земјава и надвор од неа.

 

Драги студенти, излезете и гласајте за вашите права!

Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје