Инфо блок

Поставена: 19-03-2020 18:55  
Од пресот во МОН
Е-НАСТАВА НА ФАКУЛТЕТИТЕ
Министерот за образование и наука, г. Арбер Адеми денес, 19 март, имаше средба со ректорот на УКИМ  проф. д-р Никола Јанкуловски, како претставник на сите државни универзитети и со проф. д-р Томе Неновски, претседател на Конференцијата на приватни високообразовни установи.

По работниот состанок се одржа прес-конференција на која беше соопштено дека универзитетите се информатички и технички опремени и дека професорите се подготвени да придонесат за организирање на настава на далечина за студентите.

Министерот Адеми истакна дека предност и олеснителна околност е фактот дека за разлика од основците од пониските одделенија, овде се работи за студенти кои се вешти во користењето на ИТ-уреди и едукативните алатки и апликации. Понатаму, министерот за образование и наука истакна дека во следните денови сите единици во состав на универзитетите ќе вложат максимални напори за да се воведе одредена форма на онлајн-настава во интерес на студентите која ќе почне со реализација од следната недела и дека дел од факултетите веќе започнале со далечински предавања.
 
Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски информираше дека е закажана вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ на чиј дневен ред ќе се изготвува веќе подготвениот правилник за функционирање на Универзитетот во вакви услови. Ректорот Јанкуловски рече дека на УКИМ дел од факултетите по прекинот на наставата веднаш воспоставиле далечинско учење со користење на неколку видови платформи за далечинско учење. Тој, исто така, истакна дека е направен и распоред за работа на администрацијата која доаѓа на смени, со цел да се намали или да се избегне воопшто контактот помеѓу странките и вработените во администрацијата. Во своето обраќање ректорот Јанкуловски истакна дека на денешниот состанок разговарале и за евентуалните проблеми кои понатаму би произлегле во врска со испитите, но дека во скоро време ќе се најдат адекватни решенија и за тоа прашање.
Останати вести

 

Последни новости

03-04-2020 - UKIM COVID-19 announcement
UKIM COVID-19 announcement

19-03-2020 - Од пресот во МОН
Е-НАСТАВА НА ФАКУЛТЕТИТЕ

16-03-2020 - Соопштение
ДО ЕДИНИЦИТЕ ВО СОСТАВ НА УКИМ И ЈАВНОСТА

12-03-2020 - До ректорите, проректорите и деканите на високообразовните институции
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ОД МОН

12-03-2020 - На денешниот прес
МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИЗВЕСТИ ...

10-03-2020 - УКИМ известување
ЗА ЗАПИРАЊЕ НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС

10-03-2020 - На ФЕИТ
ПОЧНА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ПО РОБОТИКА - РОБОМАК 2020

03-03-2020 - ИНТЕРЕН КОНКУРС
Во прилог се ИНТЕРНИОТ КОНКУРС за распределба на средства за спортски активности и културни активности и манифестации на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2020 година и обрасците

28-02-2020 - Ректор Јанкуловски: Одблокирани 5 милиони американски долари на Фондацијата Атанас Близнакоф
31 СТУДЕНТ ДОБИВААТ СТИПЕНДИЈА ОД 1.000 ЕВРА

28-02-2020 - Известување од МОН
НАСОКИ ЗА ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје