Инфо блок

Поставена: 14-05-2020 15:06  
Отвори документ: Konkurs_Studentski_pravobranitel_2020.pdf
КОНКУРС
за утврдување на предлог за избор на Студентски правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Врз основа на член 31, став 3 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ“ бр. 82/2018) и член 35 од Статутот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, УСС-УКИМ објавува:

КОНКУРС
за утврдување на предлог за избор на Студентски правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Кандидатите за Студентски правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Кандидатот треба да биде редовен студент на еден од факултетите на Универзитетот;
  • Кандидатот треба да ги има положено сите испити заклучно со четвртти семестар.

Во прилог со пријавата, кандидатите треба да достават скениран индекс како доказ дека се запишани на еден од факултетите на Универзитетот и дека ги имаат положено сите предмети заклучно со четвртти семестар, кратка биографија и мотивациско писмо.

Конкурсот е со времетраење од 15 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Согласно член 31 став 2 од Законот за високо образование, Сенатот на Универзитетот го избира Студентскиот правобранител по предлог на Универзитетското студентско собрание. Откако ќе истече рокот за пријавување на кандидати за Студентски правобранител, УСС-УКИМ на посебна седница за избор на Студентски правобранител, ќе ги интервјуира сите кандидати и ќе донесе одлука кој од кандидатите ќе биде предложен до Сенатот.

Кандидатурите за Студентски правобранител се доставуваат преку архивата на Универзитетот или на email адресата: studentsko.sobranie@ukim.edu.mk

Дополнителни информации во врска со конкурсот можете да добиете на studentsko.sobranie@ukim.edu.mk или кај Димитар Тромбевски, генерален секретар на УСС-УКИМ – 072/700-502.


Со почит,
УСС-УКИМ
Претседател на УСС-УКИМ
Борјан Ефтимов
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје