Инфо блок

Поставена: 04-02-2021 11:38  
Првата зимска школа на МСМЈЛК
ВО ЧЕСТ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 100-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), како една од релевантните институции што се дел од националната платформа за одбележување на 100-годишнината од раѓање на Блаже Конески, ја започна Блажевата 2021 со организирање на Првата зимска школа на МСМЈЛК токму во чест на тоа одбележување.

Зимската школа, која се одржува на далечина (онлајн) преку зум платформата во времетраење од десет работни денови (секој ден по 4 часа), во периодот од 25 јануари до 5 февруари 2021 година (со вкупен фонд од 40 часа) е вистински влог во отпочнувањето на прославата на овој голем јубилеј.

За наставата ангажирани се лектори (предавачи и професори) со долгогодишно искуство. Притоа организирани се лекторски групи за сите нивоа (почетно, средно и напреднато и тоа напреднатото ги има и своите поднивоа, за јазик, литература и преведување). Слушателите се студенти, професори, истражувачи на македонскиот јазик, литература и култура, но и балканисти и слависти, и тоа нешто повеќе од 50 слушатели од дури 15 земји (најголем број од регионот, како Грција, Турција, Србија, Босна и Херцеговива, Хрватска, Словенија, но и другите европски земји, како Унгарија, Чешка, Полска, Франција, Италија, но и од САД и Канада).

Овој интерес е и благодарение на вложеноста на нашите лектори по македонски јазик во лекторатите на странските универзитет, како и на професорите/предавачите македоности и слависти на странските универзитети. Традицијата е вградена во постоењето на УКИМ. Оваа традиција ја подзасилуваме и со оваа Прва зимска школа. Така и УКИМ преку МСМЈЛК, а преку нив и македонската јазична и книжевна наука, но и целата македонска јавност, се здобија и понатаму се здобиваат со голем број културни амбасадори, поддржувачи и верни пријатели во светот. Така што и МСМЈЛК и УКИМ веќе се препознаваат како своевиден македонистички центар со богата нешто повеќе од петдецениска традиција.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје