Инфо блок

Поставена: 11-08-2021 08:56  
Oд 15 август до 5 септември 2021
54. ЛЕТНА ШКОЛА И 48. МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА ПРИ УКИМ
Од 15 август до 2 септември 2021 ќе се одржи 54. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ) во Скопје која ете по пауза од една година се враќа на своето старо, добро место – во Охрид, културноисториското светилиште на духот и традицијата на македонистиката, со настава и предавања во живо и со почитување на пропишаните протоколи во време на пандемија. На оваа 54. Летна школа своето учество го потврдија 40-тина нови и стари, непознати и помалку или повеќе познати семинаристи од 15 земји во светот и тоа од: Малезија, Велика Британија, САД, Руска Федерација, Белорусија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Србија, Грција, Турција, Унгарија, Полска, Словачка и Чешка Република. Овој интерес е и благодарение на вложеноста на лекторите по македонски јазик во лекторатите на странските универзитет, како и на професорите/предавачите македонисти и слависти на странските универзитети.

Свеченото отворање ќе се случи на 16 август 2021 со почеток во 12 часот во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Свечени обраќања ќе имаат претседателот на државата, г. Стево Пендаровски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски. Свеченоста ќе продолжи со пригоднoто обраќањe на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, директор на МСМЈЛК при УКИМ, по што ќе следува промоција  на Зборникот Предавања на 53. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литeратура и култура, а промотор ќе биде доц. д-р Гордана Алексова.

Во текот на дваесеттина дена учесниците на годинешната Летна школа ќе имаат можност да слушаат лекторска настава со вкупен фонд од 55 часа, како и 13 предавања од врвни специјалисти и познавачи на творештвото на Блаже Конески од повеќе аспекти, но и да проследат неколку културните настани.

Од областа на литературата и културата предавањата ќе ги отвори проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ со БЛАЖЕ КОНЕСКИ НА МЕДИЕВИСТИЧКИ ТЕМИ. Проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова ќе зборува за БЛАЖЕ КОНЕСКИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ОД 19 ВЕК, проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска ќе се осврне на БЛАЖЕ КОНЕСКИ ЗА ЗБОРНИКОТ НА МИЛАДИНОВЦИ, академик Катица Ќулавкова ќе зборува на тема ПОЕТИКАТА НА ПРОЗАТА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ: ЖАНРОВСКИ И СТИЛСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ, проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски ќе направи едно ПРЕПРОЧИТУВАЊЕ НА „МОЛИТВА“ ОД БЛАЖЕ КОНЕСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА ПСАЛТИРСКИОТ ПРОЛОГ, а проф. д-р Ана Мартиновска ќе зборува за БЛАЖЕ КОНЕСКИ КАКО ИНСПИРАЦИЈА. Свои предавања ќе имаат и проф. д-р Елизабета Шелева на тема БЛАЖЕ КОНЕСКИ ВО 21 ВЕК, проф. д-р Венко Андоновски на тема АПОКРИФНОТО ПОТЕКЛО НА ПОИМИТЕ „СИЛА“, „БОГ“ И „ОСТРАСТЕНОСТ“ ВО ЕПСКО-ЛИРСКИТЕ ПЕСНИ НА КОНЕСКИ, како и проф. д-р Димитар Пандев на тема БЛАЖЕ КОНЕСКИ ВО ОХРИД.

Од областа на јазикот предавања ќе имаат: проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска со БЛАЖЕ КОНЕСКИ И ЈАЗИЧНАТА НОРМА, доц. д-р Гордана Алексова која ќе се осврне на темата ЗА СТИЛИСТИКАТА ВО ГРАМАТИКАТА И ЗА НЕКОИ СТИЛЕМИ ВО ПОЕЗИЈАТА НА КОНЕСКИ, како и проф. д-р Елена Јованова-Грујовска на тема ОДНОСОТ НА РЕДАКТОРОТ КОНЕСКИ КОН ЛЕКСИКАТА СО СУБЈЕКТИВНАТА ОЦЕНКА ВО РЕЧНИКОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК и проф. д-р Људмил Спасов на тема ОЧИ В ОЧИ СО БЛАЖЕ КОНЕСКИ.

Во рамките на 54. Летна школа на 25 август 2021 во 17 часот на платформата Зум ќе се организира и Тркалезна маса на тема БЛАЖЕ КОНЕСКИ ВО НАСТАВАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА НА СТРАНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ на која учество ќе земат 15 лектори по македонски јазик на странските универзитети и универзитетски професори (странски македонисти).

Исто така, треба да се истакне дека планирани се и неколкуте промоции на изданија меѓу кои се издвојуваат:
  • КОНЕСКИ НА 11 ЈАЗИЦИ, зборник со препеви на песни и преводи на прозни текстови од Конески остварени од странски македонисти, инаку слушатели на двата напредни курса за литература и за преведување на Зимската школа што се одржа од 25 јануари до 5 февруари оваа година, и тоа на: руски, полски, чешки, словенечки, хрватски, српски, бугарски, италијански, шпански, грчки и турски јазик и
  • ТЕМИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА XX ВЕК од академик Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ (дел од македонистиката на овој Универзитет и добитничка на Почесното Рациново признание што се доделува во рамките на Рациновите средби).

Во текот на оваа јубилејна година, МСМЈЛК при УКИМ оствари повеќе настани, како што беше Првата зимска школа, која се одвиваше од 25 јануари до 5 февруари 2021 година, но и двете исклучителните свечени одбележувања сите на далечина т.е. на платформата Зум и тоа на: 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ што се случи на 18 мај и 35 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет што се случи на 11 јуни.

И оваа 54. Летна школа е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остварува во рамките на богатата програма посветена на големиот јубилеј на великанот Блаже Конески, како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

По 54. Летна школа се најавува и 48. Меѓународна научна конференција на која покрај домашни, учество ќе земат и 20 странски излагачи. 48 МНК на МСМЈЛК при УКИМ, а ќе се одржи на 3 и 4 септември 2021 во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Координатори на оваа Конференција се проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска за темите од лингвистичката секција и проф. д-р Трајче Стамески за темите од областа на литературата и културата. Околу 80 македонисти, слависти и балканисти ќе ги изложат своите истражувања на тема 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ - СТОЖЕР НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Меѓународeн семинар за македонски јазик, литература и култура
Останати вести

 

Последни новости

12-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ

08-10-2021 - NI4OS training event:
ВТОР НАЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ NI4OS-Europe

08-10-2021 - На 12 октомври, УКИМ
ЌЕ ГИ НАГРАДИ СВОИТЕ НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ

07-10-2021 - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ДОДЕЛИ 135 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАПИШАА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТИТЕ НА УКИМ

05-10-2021 - УКИМ распишува ИНТЕРЕН КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИ НАУЧНИЦИ И УМЕТНИК НА УНИВЕРЗИТЕТОТ„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЗА 2020 ГОДИНА

30-09-2021 - На УКИМ
НА 1 ОКТОМВРИ ЗАПОЧНУВА НОВАТА АКАДЕМСКА ГОДИНА

27-09-2021 - Посета на италијанскиот амбасадор на УКИМ
Посета на италијанскиот амбасадор на УКИМ

27-09-2021 - УКИМ семестарот го започнува
СО НОВА СОВРЕМЕНА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА

22-09-2021 - За Академска заедница на УКИМ
ТЕКОВНИ ИНФОРМАЦИИ

22-09-2021 - Интерен оглас
ЗА СТУДЕНТИТЕ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ

09-09-2021 - ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ

07-09-2021 - На УКИМ
ОТВОРАЊЕ НА ВАКЦИНАЛЕН ПУНКТ

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје