Инфо блок

Поставена: 07-10-2021 21:13  
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ДОДЕЛИ 135 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАПИШАА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТИТЕ НА УКИМ

По повод 120 годишнината од раѓањето на донаторот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денес, 07.10.2021 година, за прв пат се доделени 135 стипендии на студенти кои во академската 2021/2022 година се запишаа на првиот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Иако првично беше планирано да бидат доделени 40 стипендии, Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“, одлучи оваа година бројот на доделени стипендии да се зголеми, односно да се поддржат сите кандидати кои се пријавија на овој Конкурс.

Годишно секој студент ќе добие 120.000,00 денари стипендија како поддршка за своите студии, доколку редовно напредува во текот на студирањето.

Стипендиите се доделија на редовни студенти кои оваа академска година се запишаа во прва година на прв циклус на студии на факултетите при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, врз основа на постигнатите резултати и успех во претходниот циклус на образование, и врз основа на достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, согласно уловите и критериумите определени во распишаниот јавен Конкурс.

Сметаме дека овие млади мотивирани луѓе, заслужуваат да им се даде можност да го продолжат своето образование на факултет по нивен избор, со што би го поддржале нивниот професионален развој и успех. Убедени сме дека овие млади лица во иднина ќе бидат успешни професионалци, кои ќе придонесат за понатамошен развој и напредок на Македонија.

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ e основана во 1977 година од еден од најголемите донатори од дијаспората. Стипендиите од Фондацијата се обезбедуваат од камати и од дивиденди на Фондацијата „Атанас Близнакоф” во Соединетите Американски Држави.

Постапката за избор на кандидатите е спроведена преку платформа која е обезбедена од организацијата Македонија 2025.


Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Останати вести

 

Последни новости

22-11-2021 - ОДБОРОТ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Официјална средба на Ректорот проф.д-р Никола Јанкуловски со членовите на Одборот за евалуација на високото образование

22-11-2021 - ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА
ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

11-11-2021 - УКИМ го промовираше Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
На УКИМ, преку панел на тема: "УКИМ во интернационални рамки" се промовираше основањето на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс

10-11-2021 - Одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој 10 ноември 2021
Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката, 10 ноември, со промоција на најдобрите научници и панел на тема: УКИМ во интернационални рамки, кој се одржа денес, 10 ноември 2021

08-11-2021 - Oтворениот ден на УКИМ ќе се одржи на 30.11.2021.
Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје, на 30 ноември 2021 организира "Отворен ден на УКИМ"

08-11-2021 - Одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој 10 ноември 2021
УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој, со настан кој ќе се одржи на 10 ноември 2021 (среда), со почеток во 13:00 часот

05-11-2021 - Проф. д-р Јозеф Лауринчик, стана почесен доктор (doctor honoris causa) на УКиМ
Проф. д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот "Константин Филозоф" во Нитра, Р Словачка стана почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје

28-10-2021 - На 2 ноември
ЗБОРУВАМЕ ОТВОРЕНО ЗА СОВРЕМЕНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

22-10-2021 - Нов меѓународен проект
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО НОВ ПРОЕКТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИНОВАЦИИТЕ И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО, ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОГИЈА

22-10-2021 - Преку синергија на теоријата со праксата,
УКИМ И КХВ ЌЕ СОРАБОТУВААТ ВО ОБЛАСТА НА ПАЗАРОТ ЗА КАПИТАЛ

22-10-2021 - Нова лабораторија
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА МАТЕРИЈАЛИ И НАНОТЕХНОЛОГИИ

22-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНA НАГРАДAТА „26 ЈУЛИ“ НА ДЕСЕТМИНА СТУДЕНТИ

12-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ

08-10-2021 - NI4OS training event:
ВТОР НАЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ NI4OS-Europe

08-10-2021 - На 12 октомври, УКИМ
ЌЕ ГИ НАГРАДИ СВОИТЕ НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ

07-10-2021 - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ДОДЕЛИ 135 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАПИШАА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТИТЕ НА УКИМ

05-10-2021 - УКИМ распишува ИНТЕРЕН КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИ НАУЧНИЦИ И УМЕТНИК НА УНИВЕРЗИТЕТОТ„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЗА 2020 ГОДИНА

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје