Инфо блок

Поставена: 05-11-2021 14:42  
Проф. д-р Јозеф Лауринчик, стана почесен доктор (doctor honoris causa) на УКиМ
Проф. д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот "Константин Филозоф" во Нитра, Р Словачка стана почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје

Денес, 5 ноември 2021 година, на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје се одржа промоција за доделување на титулата почесен доктор на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. 

Титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"во Скопје му беше доделена на д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот "Константин Филозоф" во Нитра, Р Словачка.

Оваа титула на проф. д-р Јозеф Лауринчик му е доделена во знак на признание за афирмацијата на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"во Скопје и на Република Северна Македонија во меѓународното опкружување и неговиот придонес во проширувањето на научните капацитети на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје. 

Промоцијата за доделување на титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје ја изврши ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а на свечениот чин присуствуваа проректорите на УКИМ, претседателот на Универзитетскиот сенат, деканот на Факултетот за ветеринарна медицина проф. д-р Лазо Пендовски, членови на деканската управа и  претставници на наставно-образовниот и научниот кадар на Факултетот.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје