Почетна | Новости | 15.10.2025


Отворениот повик за студенти за втората обука за претпрiемништво и иновации во рамки на Еразмус+ проектот EU2SE

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува отворен повик за студенти за учество во втората обука за одржливо претприемаштво и иновации во рамки на Еразмус+ проектот EU2SE (European Upskilling of Students for Sustainable Entrepreneurship), кој се спроведува во соработка со Универзитетот во Каен (Франција), Универзитетот во Ваљадолид (Шпанија) и Универзитетот за применети науки во Лапонија (Финска).

Студентите на УКИМ, заедно со своите колеги од странските универзитети, ќе имаат можност да следат обука онлајн за одржливо претприемаштво, иновации и здравје, и да учествуваат во еднонеделна мобилност на Универзитетот во Каен, Франција.

Конкурсот е отворен за 10 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои имаат завршена најмалку прва година на студии – односно запишан трет семестар, и се мотивирани за професионален и личен развој во областа на одржливиот развој, иновациите и претприемаштвото.

Оваа обука претставува извонредна можност за студентите да стекнат меѓународно искуство, да ги унапредат своите комуникациски и тимски способности, и да развијат практичен претприемачки дух во европска академска и иновативна средина.

 

🕒 Рок за пријавување: 15 ноември 2025 година

🔗 Линк за пријавување: https://forms.gle/cCUhjmRgVZz79YMp6

📩 Дополнителни информации и контакт: проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска – katerina@eccf.ukim.edu.mk