Научни списанија на УКИМ

Издавачката дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е присутна од почетокот на неговото постоење. Издавачката дејност на УКИМ опфаќа академско електронското издаваштво и научно издаваштво, преку што се интегрираат публицистичките активности на членките на Универзитетот.

Научното издаваштво на УКИМ базира на научноистражувачката дејност на 23-те факултети, 5-те научни институти, 4-те научни институти јавни установи и 1 факултет придружна членка, што овозможува да се покријат сите научни подрачја и на тој начин да се развие разновидна и висококвалитетна научна издавачка програма.

Научното издаваштво опфаќа 48 научни списанија и над 200 трудови публикувани во нив  годишно, од кои во моментот околу половина се поставени на дигитална платформа со отворен пристап, а останатите се во печатени верзии. УКИМ се залага сите научни списанија да бидат дигитализирани и со отворен пристап, што ќе даде важен придонес за видливоста на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како клучна академска институција во државата.


За академското електронско издаваштво на УКИМ повеќе на следниот линк.

 

 

Научни списанија публикувани на УКИМ


 

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, преку единиците, публикува 48 меѓународни научни списанија, сите со отворен пристап, презентирани во продолжение, групирани по научноистражувачки подрачја. Уредувачките политики ги следат принципите на отворена наука и базираат на дијамантскиот модел со отворен пристап, што значи бесплатно објавување за авторите или нивните институции, односно пристап до научните трудови без плаќање на трошоци.

Во насока на зголемување на видливоста на УКИМ, интенцијата е сите списанија на Универзитетот да имаат електронска форма и да бидат референцирани во што поголем број светски електронски бази за индексирање на научни списанија. Притоа, целта е да се следат критериумите и да се постигнуваат условите за референцирање во двете најрелевантни индексациски електронски бази во светот, Web of Science на Clarivate Analytics и Scopus на Elsevier.


Во моментот, 2 научни списанија на единиците на УКИМ, каде Универзитетот е ко-издавач заедно со други институции, се вклучени во базата на Web of Science на Clarivate Analytics. Тоа се следните списанија (Web of Science Master Journal List – Search Macedonia 20.07.2024):

  1. MACEDONIAN JOURNAL OF CHEMISTRY AND CHEMICAL ENGINEERING, издавач е SOCIETY OF CHEMISTS TECHNOLOGISTS MADECONIA , ARHIMEDOVA 5, SKOPJE, Macedonia, а коиздавач е УКИМ.
  2. MACEDONIAN VETERINARY REVIEW, издавач е издавачката куќа SCIENDO, а коиздавач е УКИМ.

 

Дигитален портал Journals UKIM

Дел од научните списанија на УКИМ имаат развиени посебни дигитални портали, преку кои се обезбедува достапност до архивите на претходните изданија, а преку дел од нив се обезбедува и систем за поддршка при аплицирање, рецензирање и електронско публикување на нови публикации.

На Универзитетот е развиен и се негува универзитетскиот електронскиот портал за публикување на меѓународните научни списанија, Journals УКИМ. Овој портал претставува електронска база на дел од научните списанија, во моментот 15 списанија кои до сега немале електронско издаваштво и повеќе од 2000 статии. Во следната фаза, порталот ќе прерасне во база на сите списанија на УКИМ, со поврзување на одделните дигитални портали.


Пристап до е-Journal УКИМ

 

 

Научни списанија на УКИМ презентирани по научноистражувачки подрачја