Странски студенти

Пријавување на странски студенти за запишување на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
 

Кандидатите се пријавуваат во текот на месец јуни, електронски на следнава адреса st.student@ukim.edu.mk. Лице за контакт – Евдокија Илијевска (3293 293;3293 232)
 
При пријавувањето, кандидатите доставуваат:

·         Пријава за запишување (образец А1);
·         Оригинал диплома за завршено средно образование (заверена со апостил печат, односно печат од соодветното министерство за надворешни работи за земјите кои не се членки на Хашката конвенција);
·         Оригинал свидетелства за секоја завршена година во средно образование;
·         Оригинал извод од матичната книга на родените
·         Оригинал уверение за државјанство;

Запишувањето на студентите се врши на факултетите, во третиот уписен рок.

При запишувањето кандидатите доставуваат:

·         Решение за нострификација на документите за завршено средно образование, издадено од  Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија (https://mon.gov.mk/page/?id=2045)
·         индекс, студентска легитимација и пријавни листови;
·         Годишно здравствено осигурување од матичната држава
·         три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3);
·         потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот - носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.
·         Потврда за уплатена школарина за семестарот

     Организирана настава за изучување на јазикот на кој се држи наставата

Настава за изучување македонски јазик


  Наставата се организира во траење од шест месеци интензивен курс во зимскиот и во летниот семестар и се реализира според посебна програма изготвена за таа цел.
  Во текот на наставата се врши континуирана проверка на знаењето на кандидатите - слушатели.
  По успешно завршување на наставата и полагање на завршниот тест, кандидатите добиваат сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески.

Детални информации се содржани во посебно соопштение објавено од ЦЕТИС МАК при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Уверение за познавање јазик (ukim.mk).

Настава за изучување англиски јазик

Детални информации се содржани во посебна изјава објавена од Филолошкиот факултет "Блаже Конески". Објавата е достапна и на веб-страницата на Универзитетот на следниот линк уким (ukim.edu.mk).


 

Последни новости

26-06-2024 - Отворен повик
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 40 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОД САД

24-06-2024 - Универзитетскиот сенат на УКИМ
ИЗБРА ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗА ПЕРИОДОТ 2024 - 2025

31-05-2024 - 8-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан
УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА УКИМ НА РЕКТОРСКИОТ ФОРУМ КОЈ СЕ ОДРЖУВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САРАЕВО

28-05-2024 - Предавање
НАСЛОВЕНО „ЗА ТРИТЕ СВЕТА“ НА ПРОФ. Д-Р ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

24-05-2024 - На платото во Универзитетскиот кампус на општествени науки
БУКЕТИ СВЕЖНО ЦВЕЌЕ ПОЛОЖИЈА И СЕ ПОКЛОНИЈА РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ И ДРУГИ ГОСТИ

24-05-2024 - Концерт на АКУД „Мирче Ацев“
СО КОНЦЕРТОТ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ЗБОГАТЕНА ПРОГРАМАТА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНАТОТ И 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА УКИМ

23-05-2024 - УКИМ прославува 75 години постоење
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

21-05-2024 - УКИМ ги награди најдобрите студенти
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

14-05-2024 - Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
УКИМ ГО НАЈАВУВА ПРЕДАВАЊЕТО:

14-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 16 ДОКТОРИ НА НАУКА

13-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКА

10-05-2024 - На УКИМ
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ ОД ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ

05-05-2024 - По повод
5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК