Инфо блок

Поставена: 21-05-2024 08:31  
УКИМ ги награди најдобрите студенти
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“
Во рамките на свеченостите по повод патрониот ден и одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Универзитетот, денес, во аулата на Ректоратот на УКИМ, на традиционален и свечен начин беа доделени наградите на најдобро дипломираните студенти за учебната 2022/2023 година, студенти кои покажаа високи достигнувања и резултати при студирањето.

Исто така, на редовните студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за музичка уметност за учебната 2022/2023 година им беше врачена наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија.

Наградите на  најдобрите студенти им ги врачи ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, а на чинот на свеченото доделување на наградите, покрај наградените студенти и членовите на нивните потесни семејства, присуствуваа и проректорите на Универзитетот, генералниот секретар, претседателот на Универзитетскиот сенат и деканите на факултетите.

За студирањето на најдобриот универзитет и за тоа што претставува добивањето на наградата за студентите, од името на сите добитници, говор на благодарност и полн гордост одржа добитникот на наградата за најдобро дипломиран студент од Правниот факултет „Јустинијан Први “ – Ана Софеска.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и понатаму ќе биде отворен за нивните идни достигнувања.

Наградени најдобро дипломирани студенти:
  1. Ангела Мешкова, дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на студиската програма – Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија, со средна оценка 10,00.
  2. Матеа Ташковска, дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на студиската програма – Компјутерски технологии и инженерство, со средна оценка 10,00.
  3. Дејан Радуловски, дипломирал на Филозофскиот факултет, на студиската програма – Историја, со средна оценка 10,00.
  4. Деспина Буцевска, дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на студиската програма – Македонски јазик, со средна оценка 10,00.
  5. Руфија Идризовска, дипломирала на Природно-математичкиот факултет, на студиската програма – Применета хемија- аналитичка биохемија, со средна оценка 10,00.
  6. Ана Софеска, дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на студиската програма – Политички студии, со средна оценка 10,00.
  7. Леонид Рене Томас Караџинов, дипломирал на Медицинскиот факултет, на студиската програма – Општа медицина, со средна оценка 9,98.
  8. Благоја Атанасоски, дипломирал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, на студиската програма –Теологија, со средна оценка 9,94.
  9. Виктор Мегленовски, дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на студиската програма – Софтверско инженерство и информациски системи, со средна оценка 9,90.
  10. Кристина Стоиловска, дипломирала на Економскиот факултет, на студиската програма – Е-бизнис, со средна оценка 9,88.
  11. Габриела Козарова, дипломирала на Економскиот факултет, на студиската програма – Маркетинг, со средна оценка 9,88.
  12. Теодора Мазнева, дипломирала на Фармацевтскиот факултет, на студиската програма – Фармација, со средна оценка 9,81.
  13. Виктор Игнов, дипломирал на Машинскиот факултет, на студиската програма Производно инженерство, со средна оценка 9,81.
  14. Марко Милчевски, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, на студиската програма – Сликарство/ конзервација и реставрација , со средна оценка 9,78.
  15. Ања Митиќ, дипломирала на Факултетот за драмски уметности, на студиската програма – Драмски актери, со средна оценка 9,77.
  16. Марија Митевска, дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет, на студиската програма – Инженерство на материјали и нанотехнологии, со средна оценка 9,74.
  17. Ања Филипова, дипломирала на Факултетот за музичка уметност, на студиската програма – Балетска- педагогија- класичен балет, со средна оценка 9,71.
  18. Теа Костадинова, дипломирала на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, на студиската програма – Дизајн  на мебел и ентериер, со средна оценка 9,70.
  19. Акса Зулбеари, дипломирала на Градежниот факултет, на студиската програма – Геодезија, со средна оценка 9,64.
  20. Егзона Муртезани, дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна, на студиската програма – Квалитет и безбедност на храна, со средна оценка 9,54.
  21. Мергим Фера, дипломирал на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, на студиската програма – Одделенска настава на албански наставен јазик, со средна оценка 9,47.
  22. Јана Панчевска, дипломирала на Стоматолошкиот факултет, на студиската програма – Интегрирани студии од прв и втор циклус по дентална медицина, со средна оценка 9,46.
  23. Ева Зовиќ, дипломирала на Архитектонскиот факултет, на студиската програма – Интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, со средна оценка 9,38.
  24. Иван Станишковски, дипломирал на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, на студиската програма – Екоинженеринг и екоменаџмент, со средна оценка 9,07.
  25. Дамјан Наумовски, дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, на студиската програма – Физичко и здравствено образование, со средна оценка 9,06.

Студенти - добитници на наградата „26 Јули“:

Филолошки факултет „Блаже Конески”
    •  Давид Стојаноски (10.00)

Филозофски факултет
    • Дејан Радуловски (10.00)

Правен факултет „Јустинијан Први“
    • Ана Софеска (10.00)

Економски факултет
    • Габриела Козарова (9.88)
    • Кристина Стоилковска (9.88)

Факултет за музичка уметност
    • Ања Филипова (9.71)

Архитектонски факултет
    • Ева Зовиќ (9.34)

Останати вести

 

Последни новости

26-06-2024 - Отворен повик
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 40 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОД САД

24-06-2024 - Универзитетскиот сенат на УКИМ
ИЗБРА ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗА ПЕРИОДОТ 2024 - 2025

31-05-2024 - 8-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан
УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА УКИМ НА РЕКТОРСКИОТ ФОРУМ КОЈ СЕ ОДРЖУВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САРАЕВО

28-05-2024 - Предавање
НАСЛОВЕНО „ЗА ТРИТЕ СВЕТА“ НА ПРОФ. Д-Р ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

24-05-2024 - На платото во Универзитетскиот кампус на општествени науки
БУКЕТИ СВЕЖНО ЦВЕЌЕ ПОЛОЖИЈА И СЕ ПОКЛОНИЈА РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ И ДРУГИ ГОСТИ

24-05-2024 - Концерт на АКУД „Мирче Ацев“
СО КОНЦЕРТОТ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ЗБОГАТЕНА ПРОГРАМАТА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНАТОТ И 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА УКИМ

23-05-2024 - УКИМ прославува 75 години постоење
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

21-05-2024 - УКИМ ги награди најдобрите студенти
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

14-05-2024 - Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
УКИМ ГО НАЈАВУВА ПРЕДАВАЊЕТО:

14-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 16 ДОКТОРИ НА НАУКА

13-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКА

10-05-2024 - На УКИМ
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ ОД ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ

05-05-2024 - По повод
5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

02-05-2024 - Од темелите на знаењето до иднината на иновациите
ПРОСЛАВУВАМЕ 75 ГОДИНИ!

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје