Водич за студентите

Универзитетската школа на докторски студии започна со работа во академската 2011/2012 година, со воведување нов концепт на трет циклус студии - докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Сите податоци и информации поврзани со Универзитетската школа на докторски студии се објавени на интернет страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во делот  Школа на докторски студии.

Докторските студии на „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се реализираат во согласност со правилата на Болоњскиот процес и со европскиот кредит-трансфер систем што овозможува нивна меѓународна препознатливост и можност за интердисициплинарни научни истражувања. Студиските програми за докторски студии ги опфаќаат голем број на научни области во сите научнoистражувачки подрачја, односно научно-истражувачки полиња од прво ниво според Меѓународната фраскатиева класификација: природно-математички науки; техничко-технолошки науки; медицински науки и здравство; земјоделски и ветеринарни науки; општествени науки; хуманистички науки и уметности.

Дел од докторските студии се организираат и како интердисциплинарни студиски програми во кои учествуваат повеќе факултети/институти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Докторските студии имаат за цел:
  • унапредување на научноистражувачката, уметничката и стручната работа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје;
  • пренесување знаења на новите генерации;
  • оспособување кадар кој самостојно ќе води оригинално научно истражување;
  • развивање на нови технологии и уметнички проекти и
  • интернационализација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Докторските студии се реализираат од страна на факултетите, научните институти и јавните научни установи - придружни членки на Универзитетот, согласно со Законот за високото образование, студиските програми и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии - докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, објавен во Универзитетски гласник бр. 530 од 31 декември 2020 година (Правилник).

Согласно преодните и завршните одредби, сите запишани студенти до влегувањето во сила на овој Правилник, продолжуваат да студираат според структурата на студиските програми на кои се запишале. За сите предмети/активности во студиската програма се доделуваа толку ЕКТС-кредити, колку што е предвидено во студиската програма на која студентот се запишал.

Докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, се координира од Универзитетски стручен совет за докторски студии, што се формира од страна на Универзитетскиот сенат и брои 11 членови од сите научноистражувачки подрачја. Со Универзитетскиот стручен совет на докторски студии претседава проректорт за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Стручните, административните и техничките работи за потребите на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии се вршат од страна на Стручната служба на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

За секоја студиска програма, факултетот/институтот има Совет на студиската програма. Советот на студиската програма го сочинуваат лица, избрани во наставно-научни и научни звања на факултетот/институтот, акредитирани во студиската програма.

Стручните, административните и техничките работи за потребите на студиската програма се вршат од страна на Стручната и административна служба на факултетот/институтот.
Активностите на Универзитетската школа на докторски студии се пропишани со годишен Академски календар.


 

Последни новости

26-06-2024 - Отворен повик
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 40 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОД САД

24-06-2024 - Универзитетскиот сенат на УКИМ
ИЗБРА ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗА ПЕРИОДОТ 2024 - 2025

31-05-2024 - 8-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан
УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА УКИМ НА РЕКТОРСКИОТ ФОРУМ КОЈ СЕ ОДРЖУВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САРАЕВО

28-05-2024 - Предавање
НАСЛОВЕНО „ЗА ТРИТЕ СВЕТА“ НА ПРОФ. Д-Р ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

24-05-2024 - На платото во Универзитетскиот кампус на општествени науки
БУКЕТИ СВЕЖНО ЦВЕЌЕ ПОЛОЖИЈА И СЕ ПОКЛОНИЈА РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ И ДРУГИ ГОСТИ

24-05-2024 - Концерт на АКУД „Мирче Ацев“
СО КОНЦЕРТОТ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ЗБОГАТЕНА ПРОГРАМАТА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНАТОТ И 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА УКИМ

23-05-2024 - УКИМ прославува 75 години постоење
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

21-05-2024 - УКИМ ги награди најдобрите студенти
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

14-05-2024 - Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
УКИМ ГО НАЈАВУВА ПРЕДАВАЊЕТО:

14-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 16 ДОКТОРИ НА НАУКА

13-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКА

10-05-2024 - На УКИМ
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ ОД ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ

05-05-2024 - По повод
5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК