Почетна | Новости | 01.10.2024


Свечен прв академски час на УКИМ за новата генерација студенти 2024-2025

 

Скопје 1 Октомври 2024 – Денес беше одбележан новиот почеток на околу 5000 млади луѓе коишто одлучија да стапнат во нова ера од нивните животи. Новата генерација студенти беше топло пречекана од претставниците на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и од делегатите на Универзитетското студентско собрание. Овој сплотувачки ден го крена и рашири студентскиот дух кој опстои во сите нас.

Голема благодарност до говорниците на денешниот настан – ректорката на Универзитот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Проф. д-р Биљана Ангелова, претседателот на УСС-УКИМ Александар Николовски, претседателката, Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, претседателот на Владата, Проф. д-р Христијан Мицкоски, ораторката Ивона Тодорова и водителката Софија Даштевска. Нивните убави зборови одѕвонуваа во воздухот низ нашето Плато и со отворени раце ги пречекаа новите студенти.

На нашите бруцоши им посакуваме најголема позитива, најубави денови и целосна леснотија при поминување на новите патишта што ги отвора студентскиот живот.✨

 


 

Погледнете ја целата манифестација на свечениот прв академски час на УКИМ за новата генерација студенти 2024-2025, на следниот линк.