Репозиториум

Репозиториум на трудови на УКИМ

 

Репозиториумот на научни и уметнички трудови на УКИМ претставува дигитална архива на збирки записи за научниот и уметничкиот опус на Универзитетот, но истовремено овозможува и отворен и контролиран пристап до достапните содржини, нивно пребарување и понатамошна обработка.

Главна цел на репозиториумот на УКИМ е трајно да се складираат мета-податоците за трудовите на стандардизиран начин, кој овозможува обработка, размена и пребарување, како и подигнување на нивото на видливост на УКИМ.

Основната поставка е отворена политика за пристап кај сите збирки, освен кај книгите.


 

Организиран е во организации (communities), кои соодветствуваат на факултетите и научните институти при УКИМ.

Во рамки на секоја организација дефинирани се следните збирки (collections), организирани согласно природата на научните трудови кои се внесуваат.

    • Books – книги од автори од соодветната организација, кои се достапни само за најавени корисници
    • Conference papers – ги содржи трудовите објавени во зборници од конференции
    • Journal articles – ги содржи трудовите објавени во научни списанија
    • PhD Theses – ги содржи докторските трудови одбранети во организацијата

 


Директен пристап преку следниот линк.


 

Прирачник за користење

Прирачник за најава

Поддршка