Систем за квалитет

Системот за обезбедување на квалитет е воспоставување на стандарди, постапки и методи со цел за развој и унапредување на квалитетот и постигнување на највисоките нивоа на образовната, научноистражувачка, уметничка и применувачка, односно апликативна дејност како и во стручните и административните активности на Универзитетот.

Системот за обезбедување на квалитетот во работењето на УКИМ и единиците се остварува преку континуирано следење на исполнетоста на стандардите пропишани во Правилникот за стандардите и постапката за надворешна евалуација и самоевалуација, во согласност со  Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA).

 


Регулатива на системот за обезбедување на квалитет на УКИМ


 

П Р А В И Л Н И К за обезбедување на квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

УПАТСТВО за самоевалуација и обезбедува­ње и оценување на квалитетот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и неговите единици

СТРАТЕГИЈА за обезбедување на квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2024-2029)

 


Тела за обезбедување на квалитет на УКИМ


 

  • Совет за квалитет
  • Комисија за самоевалуација

Секоја единица на УКИМ формира Совет за квалитет на единицата.