Стипендии | Фондација Атанас Близнакоф

Фондација Атанас Близнакоф при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

ОТВОРЕН ПОВИК
за доделување стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за редовни студенти запишани на прв циклус на студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во учебната 2025/2026 година

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои ќе се запишат во прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.
Истите се доделуваат на студенти кои постигнале исклучителни резултати и успех во средното образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но и кои немаат доволно средства за факултетско образование.

Корисниците на стипендијата кои редовно и со успех ќе напредуваат во студиите можат да ја користат стипендијата сé до завршувањето на студиите од првиот циклус на факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Висината на стипендијата изнесува 2.500 американски долари (во денарска противвредност) кои се исплаќаат еднаш годишно на трансакциска сметка на добитникот на стипендијата.

Основоположник на Фондацијата Атанас Близнакоф бил иселеникот Атанас Близнакоф, роден во 1901 година во костурското село Д’мбени. Во 1920 година го напуштил родниот крај и заминал во САД каде што живеел и работел до 1976 година кога и ја основал оваа Фондација. Неговата фондација е прва и најголема фондација на македонски иселеник.

 

Краен рок за аплицирање:

30 август 2025 година (до 23:59 часот)

Начин на аплицирање:

Сите потребни документи се доставуваат електронски преку платформата:

https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/21

 

Повеќе информации за уловите се достапни на следниот линк.