Стипендии | Фондација Константин Стојанов

Бр. 08-865/3
30.5.2025 година
СкопјеВрз основа на членовите 14 и 15 од Статутот на Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 08-348 од 21.4.2011 година, Одборот на Фондацијата распишува

КОНКУРС

за доделување стипендии на студенти на втор и на трет циклус студии
од Фондацијата „Константин Стојанов“
при 
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

 

Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува стипендии за студенти:

  1. на втор циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност);
  2. на трет циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност).

I. Право да конкурираат имаат сите запишани студенти:

  1. на втор циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност);
  2. на трет циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност).

II. Висината на стипендијата изнесува 12.000,00 денари месечно.

III. Правата и обврските на корисниците на стипендијата ќе се утврдат со договор.

IV. Потребни документи:

  • пријава од кандидатот со назнака дека се работи за Конкурс за доделување стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“;
  • биографија (CV).

V. Услови за пријавување на Конкурсот за студентите од втор и трет циклус студии се:

  • да имаат статус на редовен студент;
  • да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

VI. Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на веб-страниците на УКИМ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Документите се поднесуваат електронски на следнава е-адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk

 

Фондација „Константин Стојанов“ при

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје