Награди | Најдобро дипломирани

Награди за студенти на прв циклус студии кои дипломирале со најдобар успех

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се доделуваат награди на студенти кои дипломирале со најдобар успех на прв циклус студии на факултетите на Универзитетот. 

Наградите за најдобро дипломираните студенти се доделуваат еднаш годишно, на по еден најдобро дипломиран студенти на прв циклус студии на секој факултет на Универзитетот во секоја учебна година.

Критериуми за најдобро дипломиран на прв циклус студии се:

  • Студентот да ги завршил студиите од прв циклус во роковите определени за исполнување на сите обврски предвидени со студиската програма и да изработили успешно одбранил дипломски труд или положил завршен испит, во рок од 6 месеци од завршување на учебната година (14 септември – 14 март во наредната учебна година);
  • Студент кој се стекнал со најмалку 180, одосно 240 ЕКТС – кредити;
  • Студент кој во рокот дипломирал со највисока просечна оценка, не помала од 9,00.

Доколку на факултетот има повеќе студенти кои дипломирале со еднаква просечна оценка на студиски програми со еднакво времетраење и еднаков број на кредити, предност има студентот кој порано ги исполнил сите обрски предвидени со студиската програма и изработил и успешно одбранил дипломски труд или положил завршен испит, во рокот.

Изборот на најдобро дипломиран студент се врши од страна на факултетот, секоја учебна година и податоците за избраниот најдобро дипломиран студент се доставуваат до Универзитетот. 

Наградите на студентите кои дипломирале со најдобар успех свечено се врачуваат во рамките на прославата по повод патрониот празник на Унивезритетот – 24 мај. Свеченото врачување на наградите го врши ректорот на Универзитетот.

 

Наградени најдобро дипломирани студенти за учебната 2024/2025 годинa

  1. Никола Петровски, дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на студиската програма – Компјутерски науки, со средна оценка 10,00.
  2. Мила Ѓорѓевска, дипломирала на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, на студиската програма – Пејзажно дизајнирање, со средна оценка 9,98.
  3. Јована Цветановска, дипломирала на Медицинскиот факултет, на студиската програма – Општа медицина, со средна оценка 9,98.
  4. Огнен Пендаровски, дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на студиската програма – Компјутерско хардверско инженерство и електроника, со средна оценка 9,98.
  5. Илија Вељановски, дипломирал на Филозофскиот факултет, на студиската програма – Филозофија, со средна оценка 9,98.
  6. Марија Симоновска, дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна, на студиската програма – Овоштарство, лозарство и винарство/Лозарство и винарство, со средна оценка 9,98.
  7. Иван Трајковски, дипломирал на Економскиот факултет, на студиската програма – Финансиски менаџмент, со средна оценка 9,97.
  8. Нина Насеска, дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на студиската програма – Македонски јазик, со средна оценка 9,96.
  9. Михаил Трајков, дипломирал на Природно-математичкиот факултет, на студиската програма – Применета хемија, со средна оценка 9,95.
  10. Јане Коцески, дипломирал на Машинскиот факултет, на студиската програма – Хидраулично енергетско инженерство, со средна оценка 9,93.
  11. Ања Стојадиновска, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, на студиската програма – Ликовна педагогија/Графика, со средна оценка 9,92.
  12. Доротеа Камчевска, дипломирала на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, на студиската програма – Одделенска настава, со средна оценка 9,90.
  13. Мила Саздова, дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет, на студиската програма – Прехранбена технологија и биотехнологија, Модул: Биотехнологија, со средна оценка 9,89.
  14. Филип Стоилков, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на студиската програма – Правни студии, со средна оценка 9,88.
  15. Оља Тошиќ, дипломирала на Факултетот за музичка уметност, на студиската програма – Балетска педагогија – класичен балет, со средна оценка 9,86.
  16. Марија Грчева, дипломирала на Факултетот за драмски уметности, на студиската програма – Филмска и ТВ монтажа, со средна оценка 9,80.
  17. Марта Митева, дипломирал на Архитектонскиот факултет, на студиската програма – Интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, со средна оценка 9,77.
  18. Исидора Давитковска, дипломирала на Фармацевтскиот факултет, на студиската програма –Фармација, со средна оценка 9,77.
  19. Димитар Петрески, дипломирал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, на студиската програма –Општа теологија, со средна оценка 9,76.
  20. Александар Мишовски, дипломирал на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, на студиската програма – Дизајн на мебел и ентериер, со средна оценка 9,70.
  21. Александра Кадрова, дипломирала на Стоматолошкиот факултет, на студиската програма – Интегрирани студии од прв и втор циклус по дентална медицина, со средна оценка 9,63.
  22. Христијан Смоковски, дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, на студиската програма – Физичко и здравствено образование, со средна оценка 9,49.
  23. Бојана Чапкуновска, дипломирала на Факултетот за ветеринарна медицина, на студиската програма – Ветеринарна медицина, интегриран прв и втор циклус на студии, со средна оценка 9,44.
  24. Верица Ѓорѓиева, дипломирала на Градежниот факултет, на студиската програма – Градежништво, со средна оценка 9,39.