Почетна | Новости | 01.10.2024


Science|Business конференцијата на УКИМ

Скопје, 1 октомври 2024  –  Science|Business конференцијата на УКИМ со порака: Време е можностите за зајакнување на европската истражувачка област да станат реалност

 

„Истражувањето и иновациите се поважни од кога било.”
Со овие зборови, проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ја отвори конференцијата за проширување „Улогата на Југоисточна Европа”

На маргините на министерската конференција, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје стана член на престижната Science|Business мрежа на универзитети, компании и истражувачки организации, и беше домаќин на конференција организирана од страна на Science|Business на тема „Улогата на Југоисточна Европа во одржуање, градење и меѓусебно поврзување на истражувачките и иновативните инфраструктури во Европа“. Конференцијата беше наменета за дискусии од областа на истражувањата, науката и иновациите, со фокус на можностите за зајакнување на европската истражувачка област и интеграција на истражувачката инфраструктура на локално и европско ниво.

На конференцијата се обединија истражувачи, иноватори, претставници од академскиот и бизнис секторот, кои заеднички може да придонесат за зголемување на истражувањата и иновациите, кои водат кон зајакнување на европската истражувачка област.


Повеќе детали на следниот линк.