Универзитет

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот државен универзитет во Република Северна Македонија, формиран во 1949 година со три факултети. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи – придружни членки, 1 придружна членка – друга високообразовна установа и 7 придружни членки – други организации. Неговата дејност е уредена со Законот за високото образование и со Статутот на Универзитетот.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје постојат студиски програми во сите научни области - природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравствoто, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите. Истражувачката работа, освен на факултетите, се одвива и на научните институти во состав на Универзитетот.  

Сликата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, конкретно, може да се претстави низ следниве бројки: во наставно-образовниот процес на сите факултети се вклучени повеќе од 28.400 студенти во прв и 1100 студенти во втор циклус на студии. Третиот циклус - докторски студии се реализира во рамките на Школата за докторски студии на УКИМ, со вкупно 1071 студенти. Во реализацијата на наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите учествуваат над 3.100 наставно-научни и соработнички, како и административни кадри.

Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени околу 134.600 високостручни кадри, над 13.800 магистри и специјалисти и околу 4.000 доктори на науки во сите наставно-научни области.

Во вкупната дејност на Универзитетот посебен белег имаат спортските, уметничките, информативните, рекреативните и други активности, организирани во разни друштва, сојузи, клубови и слично.


 

Последни новости

03-04-2020 - UKIM COVID-19 announcement
UKIM COVID-19 announcement

19-03-2020 - Од пресот во МОН
Е-НАСТАВА НА ФАКУЛТЕТИТЕ

16-03-2020 - Соопштение
ДО ЕДИНИЦИТЕ ВО СОСТАВ НА УКИМ И ЈАВНОСТА

12-03-2020 - До ректорите, проректорите и деканите на високообразовните институции
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ОД МОН

12-03-2020 - На денешниот прес
МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИЗВЕСТИ ...

10-03-2020 - УКИМ известување
ЗА ЗАПИРАЊЕ НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС

10-03-2020 - На ФЕИТ
ПОЧНА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ПО РОБОТИКА - РОБОМАК 2020

03-03-2020 - ИНТЕРЕН КОНКУРС
Во прилог се ИНТЕРНИОТ КОНКУРС за распределба на средства за спортски активности и културни активности и манифестации на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2020 година и обрасците

28-02-2020 - Ректор Јанкуловски: Одблокирани 5 милиони американски долари на Фондацијата Атанас Близнакоф
31 СТУДЕНТ ДОБИВААТ СТИПЕНДИЈА ОД 1.000 ЕВРА

28-02-2020 - Известување од МОН
НАСОКИ ЗА ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ