Прв циклус

Конкурс за запишување 

Универзитетот обезбедува пристап до сите свои студиски програми под еднакви услови и селекција на кандидатите за упис, врз принципот на рамноправност на сите кандидати, без оглед на раса, боја на кожа, пол, род, јазик, вера, политичко или друго уверување, етничко, национално или социјално потекло, имот, раѓање, општествена положба, инвалидност, сексуална определба и возраст.
Запишувањето на студентите на прв циклус студии се врши врз основа на јавен конкурс што го објавува Универзитетот по добивањето на согласност од Владата на Република Северна Македонија.
Универзитетот, во конкурсот, ги утврдува критериумите врз основа на кои врши селекција и избор на кандидатите за запишување на студиите.



iKnow – систем за електронски студентски сервиси  

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој го одржува порталот за електронски студентски сервиси - iKnow со интернет страниците www.iknow.ukim.mk и www.upisi.ukim.mk.

Интернет страницата www.upisi.ukim.mk, е наменета за сите кандидати кои сакаат да се запишат на прв циклус на студии на некои од факултетите или институтите во состав на Универзитетот, во постапката за комплетирање на нивната електронска пријава.

Интернет страницата www.iknow.ukim.mk, ја користат сите активни студенти кои студираат на некоја од студиските програми на факултетите или институтите во состав на Универзитетот, а кој го користат системот iKnow за електронска поддршка за работењето на студентските служби.

Систем за електронска поддршка на запишувањето

Систем за електронски студентски сервиси


НАПОМЕНА: Електорнската пријава се пополнува со кирилична поддршка!

 

Последни новости

22-11-2021 - ОДБОРОТ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Официјална средба на Ректорот проф.д-р Никола Јанкуловски со членовите на Одборот за евалуација на високото образование

22-11-2021 - ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА
ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

11-11-2021 - УКИМ го промовираше Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
На УКИМ, преку панел на тема: "УКИМ во интернационални рамки" се промовираше основањето на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс

10-11-2021 - Одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој 10 ноември 2021
Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката, 10 ноември, со промоција на најдобрите научници и панел на тема: УКИМ во интернационални рамки, кој се одржа денес, 10 ноември 2021

08-11-2021 - Oтворениот ден на УКИМ ќе се одржи на 30.11.2021.
Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје, на 30 ноември 2021 организира "Отворен ден на УКИМ"

08-11-2021 - Одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој 10 ноември 2021
УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој, со настан кој ќе се одржи на 10 ноември 2021 (среда), со почеток во 13:00 часот

05-11-2021 - Проф. д-р Јозеф Лауринчик, стана почесен доктор (doctor honoris causa) на УКиМ
Проф. д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот "Константин Филозоф" во Нитра, Р Словачка стана почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје

28-10-2021 - На 2 ноември
ЗБОРУВАМЕ ОТВОРЕНО ЗА СОВРЕМЕНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

22-10-2021 - Нов меѓународен проект
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО НОВ ПРОЕКТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИНОВАЦИИТЕ И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО, ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОГИЈА

22-10-2021 - Преку синергија на теоријата со праксата,
УКИМ И КХВ ЌЕ СОРАБОТУВААТ ВО ОБЛАСТА НА ПАЗАРОТ ЗА КАПИТАЛ

22-10-2021 - Нова лабораторија
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА МАТЕРИЈАЛИ И НАНОТЕХНОЛОГИИ

22-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНA НАГРАДAТА „26 ЈУЛИ“ НА ДЕСЕТМИНА СТУДЕНТИ

12-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ

08-10-2021 - NI4OS training event:
ВТОР НАЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ NI4OS-Europe

08-10-2021 - На 12 октомври, УКИМ
ЌЕ ГИ НАГРАДИ СВОИТЕ НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ

07-10-2021 - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ДОДЕЛИ 135 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАПИШАА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТИТЕ НА УКИМ

05-10-2021 - УКИМ распишува ИНТЕРЕН КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИ НАУЧНИЦИ И УМЕТНИК НА УНИВЕРЗИТЕТОТ„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЗА 2020 ГОДИНА