Странски студенти

ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
„Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
 

прв роквтор роктрет рок
Пријавување на кандидатите31.8. и 1.9.202115 и 17.9.202128.9.2021
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа)3.9. 2021 20.9.2021
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)7.9. 202124.9.2021
Запишување на кандидатите10. и 13.9. 202027.9.202130.9.2021

  1. При пријавувањето, кандидатите доставуваат:
    • пријава за запишување (образец А1)
    • електронска пријава (од iKnow-системот)
    • нострифицирано свидетелство за завршено средно образование
    • заверен превод на изводот од матичната книга на родените и
    • уверение за здравствената состојба (издадена од З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје).

  2. При пријавувањето, кандидатите странски државјани поднесуваат и сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.