Стратегија и Акционен план

СТРАТЕГИЈА НА УКИМ ЗА ПЕРИОДОТ 2019-2023 ГОДИНА 

       Изработката на оваа Стратегија е иницирана од страна на актуелниот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски. Целта на нејзината изработка и усвојување е повеќекратна.

       Прво, планирањето е свесна човекова активност која е одлика на сите успешни, организирани и ефикасни системи кои ги создава човекот и со кои тој управува. Планирањето овозможува да се постават целите, да се дефинираат активностите кои треба да доведат до нивното исполнување, како и да се организира нивното навремено извршување. Планирањето обезбедува и основа со која ќе се врши етапно следење на исполнувањето на поставените цели и преземање корективна акција, доколку е потребно.

       Второ, сите еминентни универзитети во светот изработуваат и ги објавуваат своите стратегии. Нивната намена е за интерни и екстерни цели: од една страна, членките на универзитетот и нивните вработени постојано ги имаат пред себе мисијата, визијата и стратешките цели кон кои се стреми универзитетот и нив ги вградуваат во сопствените планови и програми, а од друга страна, јавноста, студентите и другите засегнати субјекти имаат можност да ги препознаат перспективите на универзитетот и врз таа основа да одлучуваат за сопствениот однос со институцијата. Воедно, во досега спроведените меѓународни евалуации на Универзитетот, како една од слабостите, се истакнуваше токму недостигот на стратегиско планирање, поради што со изработката на оваа Стратегија ќе биде елиминиран и овој недостаток.

       Конечно, со изработката на оваа Стратегија, на начинот на кој тоа е направено, целта е да се создаде едно кохезивно јадро, околу кое ќе се усогласат и врз кое ќе се надградуваат интересите на сите единици на Универзитетот и на сите вработени. Стратегијата треба да обезбеди долгорочен поглед и да даде насока на движење на сите субјекти што се дел од Универзитетот, за тие да можат сопствените акции да ги засноваат на поставените заеднички цели и задачи. Конечно, се очекува вака изработениот план да го подигне нивото на интегрираност на Универзитетот и да обезбеди основа за поголема соработка и координација помеѓу одделните негови единици.



АКЦИОНЕН ПЛАН НА УКИМ ЗА ПЕРИОДОТ 2019–2023 ГОДИНА  

       Акциониот план за работа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) претставува операционализација на целите содржани во Стратешкиот план за работа и Програмата за работа на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во периодот 2019-2023 година. Истовремено, тој претставува континуитет на активностите за јакнење и развој на интегративните функции на Универзитетот во најзначајните сегменти на неговото дејствување.

       Планираните активности, односно задачи се дадени според поставените цели во одделните домени на дејствување, со носители и динамика на нивната реализација.



 

Последни новости

12-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ

08-10-2021 - NI4OS training event:
ВТОР НАЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ NI4OS-Europe

08-10-2021 - На 12 октомври, УКИМ
ЌЕ ГИ НАГРАДИ СВОИТЕ НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ

07-10-2021 - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ДОДЕЛИ 135 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАПИШАА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТИТЕ НА УКИМ

05-10-2021 - УКИМ распишува ИНТЕРЕН КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИ НАУЧНИЦИ И УМЕТНИК НА УНИВЕРЗИТЕТОТ„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЗА 2020 ГОДИНА

30-09-2021 - На УКИМ
НА 1 ОКТОМВРИ ЗАПОЧНУВА НОВАТА АКАДЕМСКА ГОДИНА

27-09-2021 - Посета на италијанскиот амбасадор на УКИМ
Посета на италијанскиот амбасадор на УКИМ

27-09-2021 - УКИМ семестарот го започнува
СО НОВА СОВРЕМЕНА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА

22-09-2021 - За Академска заедница на УКИМ
ТЕКОВНИ ИНФОРМАЦИИ

22-09-2021 - Интерен оглас
ЗА СТУДЕНТИТЕ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ

09-09-2021 - ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ

07-09-2021 - На УКИМ
ОТВОРАЊЕ НА ВАКЦИНАЛЕН ПУНКТ