Заштита на укажувачи

ПОЛИТИКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ 


Со цел спречување на корупција во академската заедница во приложената Нацрт-политика за спречување на корупција на Универзитетот определени се обврските и должностите на Универзитетот, како и на единиците во неговиот состав и на вработените вклучително наставниот, соработничкиот и административниот кадар на Универзитетот.

  1. Универзитетот презема обврска за спроведување на политика на нула-толеранција кон корупцијата, се обврзува да постапува професионално и чесно, со интегритет и да имплементира систем на заштита од мито и корупција.
  2. Универзитетот е посветен кон примена на највисоките стандарди на отвореност, интегритет и одговорност. Својата дејност ја извршува одговорно и отчетно, врз основа на законите и Статутот на Универзитетот, како и Етичкиот кодекс на Универзитетот.
  3. Универзитетот има обврска да им обезбеди можности на студентите, вработените и други лица за заштитено внатрешно пријавување.
  4. Универзитетот изработува и имплементира систем за детектирање и пријавување на корупција.
  5. Универзитетот соработува со медиумите со цел обезбедување на отвореност и транспарентност на својата работа.
  6. Универзитетот целосно ги применува механизмите за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите правни и физички лица.
  7. Универзитетот спроведува тренинзи за своите вработени со цел нивна обука за запознавање со механизмите за справување со корупција и запознавање со нивните обврски во таквите околности.

Нацрт политиката и другата приложена документација е изработена во рамките на проектот „Универзитет без корупција“ кој со учество на претставници на Универзитетот се реализира од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација во Скопје со поддршка на Амбасадата на САД во Р Македонија.
 
Документи
1 Прирачник за примена на Законот за заштита на укажувачи
2 Нацрт универзитетска политика
3 Образец за пријавување
4 Закон за заштита на укажувачи (пречистен текст)
5 Флаер