Предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување

Студентите запишани во учебната 2021/2022 година (на студиските програми на трет циклус докторски студии, кои имаат структура на студиската програма согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии - докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје – Универзитетски гласник бр. 530, 31 декември 2020), предметот за стекнување генерички знаења и вештини за истражување од универзитетска листа на изборни предмети го избираат во соработка со менторот од полето или областа на истражување.


Студентите запишани на студиските програми на трет циклус докторски студии: Географија, Информатика, Компјутерски науки и инженерство, Земјотресно инженерство, Металургија, Технологија, Безбедност и храна, Демографија, Меѓународни односи и менаџирање на конфликти, Педагошки науки, Психологија, Социологија, Социјална работа и социјална политика, Демократија во услови на глобализација, Социологија на окружувањето, Социологија на организација Кинезиологија, Историја на Македонија, Историја, Историја на уметноста и археологијата, Филозофија, Културна историја и географија на Македонија, Класична и византиска книжевност и класична микенска филологија, Наука за јазикот, Наука за книжевноста, Македонистика, Етнологија и антропологија, кои имаат структура на студиската програма согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии - докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје – Универзитетски гласник бр. 418 од 30.1. и 18.2.2019, во првиот семестар избираат предмети за стекнување генерички знаења:
  • Научноистражувачка етика (4 ЕКТС-кредити)
  • Методологија на научноистражувачка работа (4 ЕКТС-кредити)
  • Еден предмет од Листата на изборни предмети од третата група предмети за стекнување на генерички знаења и вештини за истражување – универзитетска листа на изборни предмети од трет циклус студии (4 ЕКТС-кредити)
во соработка со менторот избираат предмети од следните листи:

Пријавата за запишување на предметите студентите треба во хартиена форма да ги приложат со документите за упис на факултетот/институтот, каде е запишан студентот.