Настава и студенти

НАСТАВА И НАУКА 
Наставната дејност и создавањето квалитетни академски кадри се врвен приоритет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сите студиски програми на прв (додипломски), втор (магистерски и специјалистички) и трет циклус (докторски) студии (536) се приспособени кон болоњскиот процес и се усогласени со законската регулатива на Република Северна Македонија. Тие редовно се акредитираат и реакредитираат од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Осовременувањето и воведувањето нови студиски програми во трите циклуси на студии е континуиран процес. Целта е унапредување на наставно-научниот процес и следење на потребите на стопанството и современите текови на образованието во глобални рамки, како и интересот на студентите. Зголемувањето на мобилноста и привлекувањето странски студенти се поттикнува со развивање студиски програми на англиски јазик, како и овозможување на одделни студиски програми наставата да се одвива на англиски јазик.

УКИМ е единствениот универзитет во државата, кој во своите рамки ги обединува сите подрачја: природно-математички, техничко-технолошки, медицински науки и здравство, биотехнички, општествени, хуманистички науки и уметности. Универзитетот со целата своја комплексност и сеопфатност цели кон консолидација и воспоставување соодветен баланс помеѓу квалитетот на наставната дејност и учењето, научноистражувачката дејност, како и релацијата со општеството.

Со имплементацијата на болоњскиот процес, Универзитетот се фокусира на развој и ефикасност на наставната дејност и учењето, континуирано подобрување и иновирање на студиските програми, во согласност со националните и интернационалните стандарди. Единиците на УКИМ се водат од принципот студентот да биде во центарот на образованието, комбинирајќи настава, учење и континуирано оценување во рамките на спецификите и компетенциите. Започнат е и процес на модернизација на наставата со воведување на ИТ-технологии, е-учење и нови електронски алатки за пренесување знаења.

Во односите со своите меѓународни партнери, УКИМ има воспоставено соработка и заеднички програми за образование, двoјни и заеднички дипломи, како и истражувачки проекти во европските програми и билатерални партнерства, размена, мобилност, организација на научни и други академски настани.
* * *
Регистрите на студиските програми во трите циклуси на студии, секоја учебна година се ажурираат и се достапни на интернет-страницата на УКИМ, на македонски и на англиски јазик.

 

Последни новости

17-07-2019 - На 22 август ќе се одржи
МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОТВОРЕН ДЕН 2019“

04-07-2019 - На УКИМ
ИЗГОТВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА

29-06-2019 - По 16-ти пат
ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО „ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН“

28-06-2019 - Во Конгресниот центар во Охрид
ОДРЖАНА ПРВАТА ЛЕТНА ШКОЛА ОРГАНИЗИРАНА ОД СТОМАТОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ

19-06-2019 - На ТМФ
ПРОСЛАВА ПО ПОВОД 60 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

10-06-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

05-06-2019 - На УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

04-06-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ОДРЖАНА АКАДЕМСКА ДЕБАТА НА ТЕМА „ВЛИЈАНИЕТО НА ЕУ ИЗБОРИТЕ ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

31-05-2019 - Во Лондон
СРЕДБА НА РЕКТОРОТ, ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ СО МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

31-05-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ПО 41. ПАТ ДОДЕЛЕНA НАГРАДAТА „26 ЈУЛИ“

30-05-2019 - Од меѓународната активност на УКИМ
РЕКТОРОТ НА УКИМ, ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ПРИСУСТВУВА НА ПЕТТИОТ JOINT SCIENCE CONFERENCE OF THE WESTERN BALKANS PROCESS / BERLIN PROCESS

27-05-2019 - Универзитетските спортски натпревари на УКИМ
ЗАВРШНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ОВОГОДИНЕШНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА УКИМ СЕ ОДРЖАА НА 20.05.2019 г.

23-05-2019 - КОНКУРС ЕРАЗМУС+
КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за академската 2019/2020 година