Учесници на Летната школа
Основна дејност
Семинарот има пет основни дејности:
● организирање и грижа за работата на лекторатите по македонски јазик во странство; ● организирање летна школа со курсеви по македонски јазик и предавања од областа на македонскиот јазик, литература, историја и култура; ● организирање зимска школа со курсеви по македонски јазик
● организирање меѓународна научна конференција на теми од македонскиот јазик, македонската литература и култура; ● сопствена издавачка дејност за потребите на лекторатите, летната школа и научната конференција; ● организирање на подготвителна настава по македонски јазик за странските студенти што се запишуваат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Управа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура:
● проф. д-р Весна Мојсова - Чепишевска, директор
● м-р Евдокија Илијевска, помлад соработник за деловно работење (evdokijailievska@ukim.edu.mk)
Малку историја
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е основан на 22 декември 1967 година.
Досега се одржани 53 летни школи и една зимска школа, на кои учествувале повеќе од 4000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот.
Во претходниот период со Семинарот раководеле:
● Александар Спасов (1968-1970); ● Божидар Видоески (1971-1977); ● Томе Саздов (1978 – 1983); ● Кирил Конески (1984-1985); ● Томислав Тодоровски (1986-1989 и 1997-2000); ● Коста Пеев (1990-1993); ● Максим Каранфиловски (1994-1996, 2001-2005 и 2009-2013); ● Емилија Црвенковска (2006 – 2009); ● Славица Велева (2013 - 2019). ● Весна Мојсова - Чепишевска (2019-)
|