Политика за приватност

Политика за приватност 

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој ја одржува интернет страницата www.ukim.edu.mk, почитувајќи ги одредбите од Законот за заштита на личните податоци и слични прописи е посветен на сочувување на приватноста и заштитата на личните податоци на посетителите на оваа страница.

Домен на применливост

Интернет страницата www.ukim.edu.mk може да упатува на интернет страници кои не ги одржува Универзитетот - ова особено се однесува на интернет страниците на факултетите, институтите и други единици во состав на Универзитетот. Оваа политика на приватност не се однесува на овие интернет страници.

Во таа смисла, оваа политика за приватност се однесува исклучиво на интернет страниците чии единствени интернет адреси (URL) започнуваат со текстот www.ukim.edu.mk, освен ако на самата страница не е поинаку определено со специфична политика за приватност.

Какви податоци се прибираат, за која цел и колку се чуваат?

При посетата на интернет страницата која е предмет на оваа политика за приватност не се прибираат никакви лични податоци!

По исклучок

  • на страницата www.ukim.edu.mk/webmail која претставува портал за пристап кон системот за е-пошта на Универзитетот се евидентираат сите успешни и неуспешни најави на системот и притоа се евидентира:
    • корисничко име,
    • датум и време на обид за најава,
    • IP адреса од која е направен обидот,
    • доколку е најавата успешна, време на одјавување.
      Периодот на чување на овие податоци е 6 месеци;
  • на страницата www.ukim.edu.mk/kc, која претставува интернет страница на Конгресниот центар во Охрид кој го управува Универзитетот, доколку сакате да направите резервација, можете да оставите детали за резервацијата, чија исклучива намена е за остварување на контакт со заинтересираните лица. Овие податоци во форма на е-пошта се проследуваат на управата на Конгресниот центар и се чуваат само во периодот додека е резервацијата релевантна.

Дополнително, за секој поединечен пристап на определен дел на интернет страницата www.ukim.edu.mk се водат записи (логови) кои го содржат: точна адреса на страната на која е пристапено, датум и време на пристапот како и IP адреса од која е извршен пристапот. Овие записи се чуваат еден месец.

Колачиња на Интернет пребарувачот

Интернет страницата www.ukim.edu.mk користи колачиња (cookies) за да се зачуваат определени кориснички поставувања со цел поедноставување на интеракцијата со поедини делови на страницата. Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а истите во секој момент можат да бидат избришани од сметачот на посетителот. Колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страницата во некои случаи.

Објавување на лични податоци

На интернет страницата www.ukim.edu.mk, може да бидат објавени лични податоци, кои по својата природа се најчесто јавни. Доколку субјектот на личните податоци утврди дека податоците се неточни т.е. сака да бидат корегирани или отстранети од интернет страната, може да побара нивно корегирање, односно бришење согласно со Процедурата за право на пристап, исправка и бришење на личните податоци.

 

Избор на ректор на УКИМ 2023 - 2026

Врз основа на член 103, точка 8, во врска со член 97, став 3 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија бр. 82/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 178/2021) и член 173 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425/2019), Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на ректор на Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
за мандатниот период
16 септември 2023 – 15 септември 2026 година

Повеќе

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје