Огласна табла

ПОВИК за апликации 

Амбасадата на САД ги поканува студентите да аплицираат за две летни 2024 година студиски престои на Американските институти (SUSIs) за студентски лидери од Европа на следниве теми: еколошки прашања, и новинарство и медиуми. Петнеделните институти привремено ќе се одржат од 25 јуни до 31 јули 2024 година, зависно од расположивите средства. Апликациите треба да се испратат најдоцна до 20 декември на: taneskab@state.gov.

Програмата е соодветна за студентите од 1-3 година кои се заинтересирани за Програмата за еколошки прашања, чиј домаќин е Универзитетот Шипенсбург во Шипенсбург, Пенсилванија и Програма за новинарство и медиуми, чиј домаќин е Државниот универзитет во Аризона во Темпе, Аризона. Краен рок за аплицирање е 20 декември.

Од учесниците се очекува да бидат високо мотивирани од прва до трета година додипломски студенти од колеџи, универзитети и други високообразовни институции, кои покажуваат лидерски способности во рамки на студиите, инволвираност во заедницата и воннаставни активности. Студиските програми на кои се запишани може да се од следниве области науки, општествени науки, хуманистички науки, образование, бизнис и други професионални области.

Дополнителни информации и формуларот за апликација може да се најде на овој линк:

Стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“ 

Бр. 08-877/4
26.9.2023 година
Скопје

Врз основа на членовите 14 и 15 од Статутот на Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 08-348 од 21.4.2011 година, Одборот на Фондацијата распишува

КОНКУРС
за доделување стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“ при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува стипендии за студенти:
  1. на прв циклус студии, на студиските програми по француски јазик и книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевности и на Катедрата за преведување и толкување (со француски јазик како прв/втор јазик) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
  2. на втор циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност);
  3. на трет циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност).

I. Право да конкурираат имаат сите запишани студенти:

II. Висината на стипендијата изнесува 12.000,00 денари месечно.

III. Правата и обврските на корисниците на стипендијата ќе се утврдат со договор.

IV. Потребни документи:
  • пријава од кандидатот со назнака дека се работи за Конкурс за доделување стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“;
  • биографија (CV).

V. Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на веб-страниците на УКИМ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Документите се поднесуваат електронски на следнава е-адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk

Фондација „Константин Стојанов“ при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје