Стипендии


КОНКУРС
за доделување 40 (четириесет) стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува 40 (четириесет) стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2021/2021 година.
  1. Право да конкурираат имаат ученици/апликанти кои:
    • Се запишуваат во прва година на студии (прв циклус на академски студии) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
    • Завршиле средно образование со постигнат успех на Државна матура од најмалку 4.0;
    • Не се корисници на стипендии од други институции, организации и фирми;
    • Чиј вкупен бруто приход на семејството (родители-старатели и кандидатот) за 2020 година по сите основи не надминува 550.000 денари;
    • Се државјани на Република Северна Македонија.
    Висината на стипендијата изнесува 120.000,00 (сто и дваесет илјади) денари годишно и се исплатува 10 месеци во студиската година почнувајќи од октомври и заклучно до јули.

  2. Потребни документи (види детално во Инструкции за аплицирање):
    • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија издадено од Министерството за внатрешни работи;
    • Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година за двајцата родители – старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
    • Документ за положена државна матура (по исклучок, Диплома за завршено средно образование само за учениците кои го завршиле средното образование во учебната 2019/2020);
    • Есеј (најмногу 500 збора);
    • Препорака од наставник, директор и друго лице вклучено во претходното образование на кандидатот;
    • Дипломи и потврди за освоени награди на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари (освоени во последните три години).

  3. При аплицирање, кандидатот потврдува дека:
    • не е корисник на друга стипендија;
    • доставените документи и податоци се вистинити;
    • се согласува на обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата.

  4. Рангирањето на кандидатите се врши врз основа на три групи на критериуми. Максималниот број на освоени бодови е 100, од кои:
    • За материјална состојба на кандидатот се добиваат најмногу 45 бодови;
    • За успех остварен во претходното (средно) образование кандидатот добива најмногу 30 бодови;
    • Достигнувања и мотивација за личен и професионален развој се добиваат најмногу 25 бодови.

  5. Апликацијата се пополнува електронски, на следниот ЛИНК.
    Процесот на апликација, административна проверка и селекција на кандидатите е во надлежност на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ и невладината организација Македонија 2025.
    Краен рок за аплицирање на конкурсот е 15 (петнаести) септември 2021 година (23:59).
    Фондацијата „Атанас Близнакоф“ го задржува правото да ги повика кандидатите на дополнително интервју пред да се донесе финалната одлука и избор.

  6. Секој кандидат ќе биде известен за извршениот избор и одлука за доделување на стипендии најдоцна до 4ти (четврти) октомври 2021 година по електронски пат. Списокот со избрани кандидати ќе биде објавен на интернет страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Македонија2025.
    Сите добитници на стипендија се должни во рок од 15 дена по добиеното известување за корисник на стипендија да потпишат Договор за стипендија, кое се спроведува свечено во седиштето на Фондацијата. Сите кандидати кои нема да го почитувата овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

  7. Добитниците на стипендиите се должни да достават оригинал или заверени копии од доставените документи при потпишување на договорот за користење на стипендијата.
    Правото на користење на стипендија започнува откако кандидатот ќе достави потврда дека е запишан во прва година на прв циклус на академски студии како редовен студент на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
    Правото на користење на стипендијата трае додека се исполнуваат условите за редовно напредување во студиите и успех, заклучно со завршувањето на студиите од првиот циклус.
    Правата и обврските на добитниците на стипендијата ќе се утврдат со Договор кој го склучуваат студентот/студентката и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
    Стипендијата ќе се продолжува секој семестар под услов, начин и постапка утврдени во Договорот за доделување на стипендијата.

 

Последни новости

22-11-2021 - ОДБОРОТ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Официјална средба на Ректорот проф.д-р Никола Јанкуловски со членовите на Одборот за евалуација на високото образование

22-11-2021 - ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА
ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

11-11-2021 - УКИМ го промовираше Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
На УКИМ, преку панел на тема: "УКИМ во интернационални рамки" се промовираше основањето на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс

10-11-2021 - Одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој 10 ноември 2021
Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката, 10 ноември, со промоција на најдобрите научници и панел на тема: УКИМ во интернационални рамки, кој се одржа денес, 10 ноември 2021

08-11-2021 - Oтворениот ден на УКИМ ќе се одржи на 30.11.2021.
Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје, на 30 ноември 2021 организира "Отворен ден на УКИМ"

08-11-2021 - Одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој 10 ноември 2021
УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој, со настан кој ќе се одржи на 10 ноември 2021 (среда), со почеток во 13:00 часот

05-11-2021 - Проф. д-р Јозеф Лауринчик, стана почесен доктор (doctor honoris causa) на УКиМ
Проф. д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот "Константин Филозоф" во Нитра, Р Словачка стана почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје

28-10-2021 - На 2 ноември
ЗБОРУВАМЕ ОТВОРЕНО ЗА СОВРЕМЕНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

22-10-2021 - Нов меѓународен проект
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО НОВ ПРОЕКТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИНОВАЦИИТЕ И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО, ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОГИЈА

22-10-2021 - Преку синергија на теоријата со праксата,
УКИМ И КХВ ЌЕ СОРАБОТУВААТ ВО ОБЛАСТА НА ПАЗАРОТ ЗА КАПИТАЛ

22-10-2021 - Нова лабораторија
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА МАТЕРИЈАЛИ И НАНОТЕХНОЛОГИИ

22-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНA НАГРАДAТА „26 ЈУЛИ“ НА ДЕСЕТМИНА СТУДЕНТИ

12-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ

08-10-2021 - NI4OS training event:
ВТОР НАЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ NI4OS-Europe

08-10-2021 - На 12 октомври, УКИМ
ЌЕ ГИ НАГРАДИ СВОИТЕ НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ

07-10-2021 - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ДОДЕЛИ 135 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАПИШАА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТИТЕ НА УКИМ

05-10-2021 - УКИМ распишува ИНТЕРЕН КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИ НАУЧНИЦИ И УМЕТНИК НА УНИВЕРЗИТЕТОТ„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЗА 2020 ГОДИНА