Се информираат кандидатите заинтересирани за подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (продолжителен курс) дека наставата што ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе започне на 15.3.2021 г. и ќе трае до 20.5.2021 г. Наставата ќе се одвива со физичко присуство на кандидатите во предавалните на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Краен рок за пријавување на кандидатите е 10.3.2021 година. Цената на чинење изнесува вкупно 25.000 денари, од кои 10.000 денари се уплаќаат на сметка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а 15.000 денари на сметка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (прилог: уплатница за УКИМ и уплатница за ФЛФ).
Двете уплатници заедно со документите : • копија од извод од матичната книга на родени, • копија од диплома за завршено средно образование и • копија од патна исправа - пасош треба да бидат доставени во Meѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Првата средба со студентите што се запишале на подготвителната настава по македонски јазик за странци ќе биде во вторник, 16.3 во 9 часот во Библиотеката за македонски јазик – Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
|