Согласно член 26, став 1, точка 1 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425/2019), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје издава Универзитетски гласник. Во Универзитетскиот гласник се објавуваат општите акти на Универзитетот, единиците и на придружните членки, како и други акти утврдени со Статутот. Оваа статутарна обврска се реализира со јавно објавување на Универзитетскиот гласник на интранетот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. |