Инфо блок

Поставена: 17-02-2017 15:17  
Руски центар при УКиМ
ДОДЕЛУВАЊЕ СЕРТИФИКАТИ ПО РУСКИ ЈАЗИК ЗА КУРСИСТИТЕ ОД РУСКИОТ ЦЕНТАР ПРИ УКИМ

Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 17.02.2017 година се одржа доделување сертификати за руски јазик на курсистите од првиот турнус на бесплатните часови по руски јазик што ги организира Рускиот центар при УКИМ.

На настанот на курсистите им се обратија ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Николаевич Шчербак и директорот на Рускиот центар при УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски. Во своето обраќање ректорот Јанкуловски го изрази своето задоволство од големата заинтересираност за изучување на рускиот јазик и од постигнатиот резултат на курсистите. Тој ја искористи и оваа можност уште еднаш да ја истакне  безрезервната поддршка за работата на Рускиот центар при УКИМ. „Горди сме што успеавме да ви пренесеме дел од знаењата, кај вас да пробудиме интерес за рускиот јазик, но и за руската култура, цивилизација, литература, историја... Секако, процесот низ којшто поминавте сите вие е само основата, минимумот што засега можеме да го понудиме. Како и да е, навистина ми претставува особена чест што по толку кус период сите вие успеавте да го поминете тестирањето и да се здобиете со соодветен сертификат за познавање на јазикот.“, истакна Јанкуловски. Амбасадорот на РФ во РМ Олег Николаевич Шчербак, пак, го изрази своето големо задоволство од досегашната работа, како и од плодовите од неа. Тој ја искористи оваа можност да најави дека Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ќе продолжи да го поддржува проектот за изучување на рускиот јазик во Рускиот центар при УКИМ. „Рускиот и македонскиот јазик се како брат и сестра. Многу ми е драго што иницијативата за изучување на рускиот јазик предизвика толкав интерес и се надевам дека неговото изучување ќе продолжи и понатаму“. Во своето обраќање кон присутните директорот на Рускиот центар при УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски го потенцираше значењето на рускиот јазик во глобалното општество „Со помош на јазикот може да се стане не само поет или писател, филолог или лингвист, сми и исклучително успешен бизнисмен, кој ќе може да спроведува сложени преговори во полза на изградбата на општеството и на сопствениот напредок“, истакна Стојковски.

Инаку курсевите ќе продолжат со уште поголем интензитет, со цел да им излезе во пресрет на сите пријавени кандидати, а вториот турнус започнува веќе на 20 февруари 2017 година.


Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Руски центар

Останати вести

 

Последни новости

30-03-2017 - На Филозофскиот факултет
ПРЕДАВАЊА ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ERASMUS+

30-03-2017 - Во организација на ИСППИ
КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „АРХИВ НА ПОДАТОЦИ ОД ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

23-03-2017 - На ФДУ
OДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

13-03-2017 - Во Ректоратот на УКиМ
СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ

08-03-2017 - На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје
СЕРИЈА ПРЕДАВАЊА - „ДИГИТАЛНИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“

28-02-2017 - На ИСППИ
НАУЧНА СРЕДА

17-02-2017 - Руски центар при УКиМ
ДОДЕЛУВАЊЕ СЕРТИФИКАТИ ПО РУСКИ ЈАЗИК ЗА КУРСИСТИТЕ ОД РУСКИОТ ЦЕНТАР ПРИ УКИМ

17-02-2017 - Во Ректоратот на УКиМ
ПОСЕТА НА В.Д. АМБАСАДОРОТ НА УКРАИНА ВО РМ

07-02-2017 - Институтот „Конфуциј“ при УКиМ организира
ДЕНОВИ НА КИНЕСКИ ФИЛМ

03-02-2017 - На УКИМ
ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ НА САД ВО РМ Н.Е. Г-ДИН ЏЕС БЕЈЛИ

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Шумарски факултет

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје