Инфо блок

Поставена: 11-04-2019 10:14  
ПОВОРЕН ЈАВЕН ПОВИК бр. 1/2019
за избор на членови од Интеруниверзитетската конференција во:

  1. Националниот совет за високото образование и научно-истражувачката дејност, од научно-истражувачкото поле од прво ниво според Меѓународната фраскатиева класификација:
  • медицински науки и здравство - 1 (едно) лице од редот на професорите, во работен однос на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје;
    Услови за избор:
    • да има објавено најмалку 10 научни труда во референтна научна публикација;
    • да не е избрано за ректор, проректор или претседател на сенат на универзитет, декан или продекан на факултет, односно директор на висока стручна школа, директор на научен институт кој изведува високообразовна дејност, член на Одборот за акредитација или член на Одборот за евалуација.
  • 1 (едно) лице од редот на студентите
    Услови за избор:
    • да е редовен студент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

  1. Одборот за акредитација на високото образование од научно-истражувачкото поле од прво ниво според Меѓународната фраскатиева класификација:
  • медицински науки и здравство - 1 (едно) лице од редот на професорите, во работен однос на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје;
  • земјоделски и ветеринарни науки - 1 (едно) лице од редот на професорите, во работен однос на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје;
    Услови за избор:
    • да имаат објавено најмалку 10 научни труда во референтна научна публикација;
    • да не се избрани за ректор, проректор или претседател на сенат на универзитет, декан или продекан на факултет, односно директор на висока стручна школа, директор на научен институт кој изведува високообразовна дејност, член на Националниот совет или член на Одборот за евалуација.

  1. Одборот за евалуација на високото образование од научно-истражувачкото поле од прво ниво според Меѓународната фраскатиева класификација:
  • медицински науки и здравство - 1 (едно) лице од редот на професорите, во работен однос на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје;
  • земјоделски и ветеринарни науки - 1 (едно) лице од редот на професорите, во работен однос на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје;
    Услови за избор:
    • да имаат објавено најмалку 10 научни труда во референтна научна публикација, освен професорите по стручно уметнички предмети;
    • да не се избрани за ректор, проректор или претседател на сенат на универзитет, декан или продекан на факултет, односно директор на висока стручна школа, директор на научен институт кој изведува високообразовна дејност, член на Националниот совет или Одборот за акредитација.

Kандидатите поднесуваат:
Изборот на кандидатите се врши на седница на Интеруниверзитетската конференција, согласно со Законот за високото образование и Статутот на Интеруниверзитетската конференција.

Јавниот повик трае 5 работни дена, сметано од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат:
  • по пошта или во архивата на Универзитетот „Св. Кири и Методиј“ во Скопје, бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје;
  • електронски, на е-адреса: e.dodevska@ukim.edu.mk.

Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје