Инфо блок

Поставена: 30-09-2020 13:18  
На 100-годишнината од постоењето на првото македонско здружение на инженери и архитекти
СО ПРИЗНАНИЕТО „ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН“ СЕ ЗАКИТИЈА САМО СТУДЕНТИ НА НАШИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
Ректорот, по повод 100-годишнината од одбележувањето на постоењето на првото македонско здружение на инженери и архитекти, како и 17-тото доделување на престижната награда „Инженерски прстен“, во својата изјава за списанието „Инженерство“ истакна:

Во новата ера на економија базирана на знаење, најуспешните држави се оние кои продуцираат вакви високовалитетни кадри и затоа, треба да продолжиме да инвестираме во образованието, но и да работиме на подготвеноста на институциите и бизнис секторот да ги препознаат и прифатат младите теленти и да им овозможат натамошен напредок и развој во Македонија.

Највредниот капитал за една држава се вистински амбициозни умови кои сакаат да го надградуваат своето знаење во текот на целиот живот и да даваат придонос за развојот на инженерството на таа земја. Иницијативата на Инженерската институција да се инвестира во надградба на нашето образование е вистинската награда за студентите. Тоа дефинитивно би претставувало олеснување за да тргнеме по вистинскиот пат, патот на науката. Со овој гест, даваме уште поголема волја, инспирација и сигурност во оформување на овој професионален профил и желбата за напредок.

На годината на одбележувањето на овој јубилеј, на 29 септември оваа година, во вилата Водно, по 17-ти пат, на осуммина најуспешни дипломирани студенти од техничките факултети, им беше врачено признанието „Инженерски прстен 2020″. Под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, признанието го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок.

На манифестацијата на доделување на наградата присуствуваа: покровителот на настанот, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, проректорката за настава на УКИМ, во својство и на претседател на Инженерската институција на Македонија, проф. д-р Христина Спасевска, проректорката за финансии, инвестиции и развој, проф. д-р Биљана Ангелова, проректорката за наука, проф. д-р Валентина Гечевска и проректорот за меѓународна соработка, проф. д-р Орган Чукалиев, деканите на инженерските факултети и министерот за транспорт и врски, г. Благој Бочварски. Она што претставува посебна гордост за Универзитетот е фактот што првпат сите наградите студенти беа дипломирани студенти од техничките факултети во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Студентите од УКИМ кои се закитија со ова престижно признание се: Аријана Андриевска од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинжнеринг „Ханс ЕМ“,  Маја Голубова од Факултетот за земјоделски науки и храна, Ива Димитриевска од Технолошко-металуршкиот факултет, Христина Мијалчева од Архитектонскиот факултет, Ивана Петровска од Градежниот факултет, Виктор Рудан од Факултетот за електротехника и информациски технологии, Божидар Стеваноски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Васко Чангоски од Машинскиот факултет.

Досега, со ова престижно признание биле наградени 178 дипломирани инженери.
Повеќе информации околу јубилејот по повод 100-годишнината од одбележувањето на постоењето на постоењето на првото македонско здружение на инженери и архитекти, изјави од клучните лица кои учествуваат во негово изготвување, изјави од наградените студенти и многубројни останати содржини, се достапни на следниов линк.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје