Македонската радио телевизија во соработка со Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје по повод 70 години постоење и работа на Економскиот факултет-Скопје подготви документарен филм кој ја отсликува работата на Факултетот низ годините, со посебен осврт кон поедини проекти и активности со кои Факултетот даде значителен придонес, како кон сопствениот развој во најреномирана високо образовна институција за економија и бизнис, така и кон развојот на образовно-научната мисла и општествените текови во целост.
„КРЕИРАМЕ ИДНИНА-70 ГОДИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ВАШЕТО ЗНАЕЊЕ!“
Документарниот филм кој за првпат се емитуваше на МРТ1 на 10 ноември 2020 година е достапен на следниот линк.
Во рамки на одбележувањето на 70 години постоење и работа, Економскиот факултет – Скопје организираше меѓународната научна конференција насловена "Economic and Business Trends Shaping the Future". Информации за Конференцијата, која се оддржа на 12-13 ноември 2020, на следниот линк.
Економскиот факултет – Скопје организираше промоцијата на книгата Нобеловци по економија 1969-2020, под редакторство на академик Таки Фити, која е објавена во рамки на одбележувањето на Јубилејот „70 години Економски факултет – Скопје“. Информации за промоцијата, која се оддржа на 18 ноември 2020, на следниот линк.
По повод свечениот јубилеј 70 години постоење и работа, Економскиот факултет – Скопје ќе одржи свечена седница на Наставно научниот совет, на 23 ноември 2020 во 12:00.
По повод свечениот јубилеј „70 години Економски факултет-Скопје” интервју со Деканот на Економскиот факултет-Скопје, проф. д-р Предраг Трпески беше објавено во најновото издание на неделникот „КАПИТАЛ“. Интервјуто кое е објавено на 13 ноември 2020 година е достапно на следниот линк.
|