На денот на науката на УКИМ, хибридно, во Ректоратот и на видеоплатформа Zoom, се оддржа:
• Панел на тема: УКИМ во интернационални рамки, со промовирање на
• Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) на УКИМ.
Панелот го модерираше проректорот за наука проф.д-р Валентина Гечевска, учествуваше Ректорот проф.д-р Јанкуловски, а говорници беа постојаните членови на Центарот и проректорот за меѓународна соработка проф.д-р Ордан Чукалиев.
Постојаните членови на Центарот се научници и професори на странски универзитети, по потекло од нашата држава:
проф. д-р Јадранка Стојановска New York University, Grossman Medical School, New York, USA
проф. д-р Розита Димова Ghent University, Department of Languages and Cultures, Ghent, Belgium
проф. д-р Петар Поповски Aalborg University, Department of Electronic Systems, Aalborg, Denmark
проф. д-р Никола Стиков Polytechnique University of Montreal, Institute of Biomedical Engineering, Montreal, Canada
Говорниците дебатираа за:
• Нивната мотивација да се приклучат кон Центарот и да придонесат кон развој на интердисциплинарни соработки со академската заедница на УКИМ, кон подобрување на видливоста во меѓународниот научноистражувачки екосистем.
• Условите за членство и начините за мотивација на истражувачите ширум светот, со потекло од нашата држава, да се приклучат кон иницијативата на Центарот ЦеННИс и да соработуваат со УКИМ.
Со промовирањето, Центарот ЦеНИИс претставува нов инструмент на УКИМ со:
• Цел зајакнување на интернационализацијата и меѓународната соработка;
• Мисија да ги поврзува научниците и истражувачите кои работат и творат во светот, а се родум од нашата држава, да воспостават соработка со УКИМ, да се вмрежуваат со нашите научни кадри и преку синергија да развиваат научни интердисциплинарни јадра во различни области;
• Визијата е да биде јадро за научници родум од нашата држава, да се вмрежат и да воспостават соработка со УКИМ.
На панелот учествуваа +185 присутни (физичко присуство и online), припадници на академската заедница на УКИМ и голем број припадници на меѓународната научноистражувачка заедница од повеќе земји во светот и од повеќе континенти.