е – Сервиси

   

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ нуди портал за електронска поддршка на сите студентски сервиси (iKnow), преку интернет страниците www.iknow.ukim.mk и www.upisi.ukim.mk. Интегрираниот систем за студентски сервиси iKnow е дигитален систем што се користи за управување со студентското досие и координација на останатите студентски сервиси.

 

  • Интернет страницата www.upisi.ukim.mk, еУписи, е наменета за сите кандидати кои сакаат да се запишат на сите циклуси на студии на некои од факултетите или институтите во состав на Универзитетот, во постапката за комплетирање на нивната електронска пријава.

 

  • Интернет страницата www.iknow.ukim.mk, iKnow, ја користат сите активни студенти кои студираат на некоја од студиските програми на факултетите или институтите во состав на Универзитетот и истата претставува електронска поддршка за работењето на студентските служби.

 

 

    еУписи

Електронски студентски сервис еУписи, со интернет страницата www.upisi.ukim.mk, е дел од интегрираниот дигитален систем iKnow и претставува систем за електронска поддршка при запишување на УКИМ.

Наменет е за сите кандидати кои се заинтересирани да се запишат на прв, втор или трет циклуси на студии, на некој од факултетите или институтите во состав на Универзитетот и претставува дигитална поддршка во процесот на уписи, во постапката за комплетирање електронска пријава.

 

 

iLearn

Платформа iLearn е дигитален систем за електронско учење кој обезбедува пристап до материјали за учење за студентите на сите единици на УКИМ.

 

 

Репозиториум на трудови на УКИМ

Репозиториумот на научни и уметнички трудови на УКИМ претставува дигитална архива на збирки записи за научниот и уметничкиот опус на Универзитетот, но истовремено овозможува и отворен и контролиран пристап до достапните содржини, нивно пребарување и понатамошна обработка.

 

 

Упатства за е-Сервиси

Портал за најава на централизираниот систем на е-Сервиси на УКИМ, имплементиран користејќи систем за единствена најава на УКИМ (СЕН-УКИМ). СЕН-УКИМ, претставува систем кој ќе обезбедува пристап до сите електронски системи на УКИМ, при што секој корисник ќе биде најавен само еднаш во интернет прелистувачот. Порталот за е-Сервиси содржи: упатства за користење и упатства за најава на електронските системи на УКИМ.

 

 

Поддршка на е-Сервиси на УКИМ

Порталот за поддршка на сите електронски сервиси на УКИМ или Help Desk овозможува:

  • Централизирано пријавување на технички проблем, преку систем на електронски тикет.
  • Брзо и ажурно постапување за надминување на проблемот.