50 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ЛЕКТОРАТОТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ МОСКОВСКИОТ ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ „ЛОМОНОСОВ“
На 14 октомври 2025 година беше одбележан големиот јубилеј – половина век од основањето на Лекторатот по македонски јазик на Катедрата за словенска филологија при Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ во Руската Федерација.
По тој повод се одржа онлајн Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик, литература и култура во словенски и балкански контекст“, со учество на реномирани македонисти и слависти од земјава и од странство.
Проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го истакна значењето на континуираната дејност на Лекторатот, кој веќе пет децении претставува мост на соработка, културна размена и академска посветеност.
Проф. д-р Кристина Николовска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, нагласи дека овој јубилеј е потврда за успешната мисија на Лекторатот во промоцијата и афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура на меѓународно ниво.
Од 1975 година до денес, Лекторатот по македонски јазик во Москва е симбол на академска посветеност, културна блискост и пријателство меѓу народите, а во моментов со голема посветеност го води м-р Христина Ангелеска-Мијоска.
✨ Половина век традиција, наука и љубов кон македонскиот јазик