КОНКУРС за финансирање на научноистражувачки проекти за 2024/2025
Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на својата седница оддржана на 20.09.2024 година, го распиша КОНКУРС за доделување средства за финансирање на научноистражувачки проекти за 2024/2025 година.
Во продолжение пристап до содржината и документите на Конкурсот.
Повеќе детали за финансирањето на научноистражувачки проекти од Универзитетот, на следната страна.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), како истражувачки ориентиран и најголема научноистражувачка институција во државата, ги поддржува истражувачите и истражувачките тимови на единиците преку Фонд за наука и истражување на УКИМ. Преку Фондот, на годишно ниво се поддржуваат повеќе активности поврзани со постигнување најистакнати резултати од науката, истражувањето и иновациите: избор на најдобри научници и уметник на УКИМ, финансирање на научноистражувачки проекти на единиците и поддршка на публикации во референтнaта индексациска база на Web of Science, како и во индексациската база на Scopus, за одделни научни области.