Центар за кариера

Центарот за кариера е внатрешна организациона единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која ја сочинуваат центрите за кариера на единиците на Универзитетот.
Центарот за кариера во рамките на своите надлежности ги врши следните работи:

  • подготвува Стратегија за развој на Центарот за кариера со Акционен план и буџет;
  • организира практиканство и прв пристап на студентите до пазарот на труд и вмрежување;
  • организира работилници за кариерно советување и развој на бихејвиорални вештини;
  • развива маркетинг-план за промоција на Универзитетот и дипломците пред бизнис-заедницата и врши вмрежување;
  • развива систем за воспоставување на Алумни-асоцијација на Универзитетот и води евиденција за поранешните студенти (алумни);
  • им помага на студентите при добивање на информации за нивно кариерно планирање, кариерен развој, професионална обука и кариерно советување;
  • организира „Отворени денови на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“ со цел да ги запознае идните студенти со можностите за студирање на Универзитетот;
  • соработува со одборите за соработка и доверба со јавноста;
  • врши истражувања на пазарот на трудот;
  • врши и други работи од делот на кариерното советување.


Раководител на Центарот за кариера на УКИМ

Проф.д-р Јасмина Тониќ Рибарска  jato@ff.ukim.edu.mk

 

Секретар:

м-р Маријана Цветковска    marijana.sekulovska@eccf.ukim.edu.mk

 

 

Структура на Центарот

Совет на Центарот за кариера

На ниво на Универзитетот се формира Совет на Центарот за кариера.

Советот го сочинуваат: раководителот на Центарот за кариера, координаторите на центрите за кариера и 2 (двајца) претставници на студентите.

Заеднички координатор

Центрите за кариера на единиците кои припаѓаат на исто научно подрачје (научно поле од прво ниво), во рамките на Центарот за кариера на Универзитетот, се застапуваат од заеднички координатор.

Координатори на Центрите за кариера според научни подрачја

  1. 1. Техничко-технолошки науки:

Проф.д-р Александар Радевски  adevski.aleksandar@arh.ukim.edu.mk

  1. 2. Медицински науки:

Проф.д-р Кристина Митиќ      kmitik@stomfak.ukim.edu.mk

  1. 3. Земјоделски и ветеринарни науки:

Проф.д-р Ромина Кабранова    romina@fznh.ukim.edu.mk

  1. 4. Општествени науки:

Проф.д-р Катерина Трпчевска   katerina.tosevska@eccf.ukim.edu.mk

  1. 5. Хуманистички науки:

Проф.д-р Софија Арнаудова  sofija.arnaudova@fzf.ukim.edu.mk

  1. 6. Природно-математички науки:

Проф.д-р Никола Хаџи Петрушев    nikola@pmf.ukim.mk

Претставници на студентите во Советот на Центарот за кариера:

  1. Мелани Цветковска, студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ,  контакт: melanitamara@hotmail.com
  2. Елена Андонова, студент на Економскиот факултет при УКИМ,
    контакт: eandonova545@gmail.com

Документи (регулатива на Центарот)

///

Активности (настани)

Отворен ден на УКИМ и Ден за кариерен развој на УКИМ

https://careercenterff.weebly.com/nastani.html