Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ нуди портал за електронска поддршка на сите студентски сервиси (iKnow), преку интернет страниците www.iknow.ukim.mk by www.upisi.ukim.mk. Интегрираниот систем за студентски сервиси iKnow е дигитален систем што се користи за управување со студентското досие и координација на останатите студентски сервиси.
|
Електронски студентски сервис еУписи, со интернет страницата www.upisi.ukim.mk, е дел од интегрираниот дигитален систем iKnow и претставува систем за електронска поддршка при запишување на УКИМ. Наменет е за сите кандидати кои се заинтересирани да се запишат на прв, втор или трет циклуси на студии, на некој од факултетите или институтите во состав на Универзитетот и претставува дигитална поддршка во процесот на уписи, во постапката за комплетирање електронска пријава. |
Платформа iLearn е дигитален систем за електронско учење кој обезбедува пристап до материјали за учење за студентите на сите единици на УКИМ. |
Репозиториумот на научни и уметнички трудови на УКИМ претставува дигитална архива на збирки записи за научниот и уметничкиот опус на Универзитетот, но истовремено овозможува и отворен и контролиран пристап до достапните содржини, нивно пребарување и понатамошна обработка. |
Портал за најава на централизираниот систем на е-Сервиси на УКИМ, имплементиран користејќи систем за единствена најава на УКИМ (СЕН-УКИМ). СЕН-УКИМ, претставува систем кој ќе обезбедува пристап до сите електронски системи на УКИМ, при што секој корисник ќе биде најавен само еднаш во интернет прелистувачот. Порталот за е-Сервиси содржи: упатства за користење и упатства за најава на електронските системи на УКИМ. |
Порталот за поддршка на сите електронски сервиси на УКИМ или Help Desk овозможува:
|