Почетна | Новости | 14.10.2025


Erasmus Days 2025 на Архитектонскиот факултет – Запознајте ја Европа преку Erasmus+

По повод Erasmus Days 2025, на 16 октомври 2025 година (четврток), со почеток во 19,00 часот, во Аудиториум 115 на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи настан посветен на студентската мобилност во рамки на програмата Erasmus+.

На настанот ќе учествуваат студентките Галена Филиповска и Ања Тодоровска, кои ќе ги споделат своите искуства и впечатоци од Erasmus+ мобилностите реализирани во академската 2024/2025 година. Тие ќе зборуваат за академските, културните и личните придобивки од студирањето во странство и како оваа програма придонела за нивниот професионален и личен развој.

Настанот се организира во рамки на воннаставната програма DOSIE AFS, која редовно нуди инспиративни предавања, презентации и дискусии со цел да ја поттикне интернационалната соработка и креативното размислување кај студентите.

Овој настан е можност за сите заинтересирани студенти на УКИМ да дознаат повеќе за мобилностите што ги овозможува Erasmus+, да постават прашања и да се инспирираат да станат дел од европското образовно семејство.

📅 Датум: 16 октомври 2025 (четврток)
🕖 Време: 19:00 часот
📍 Локација: Архитектонски факултет – Аудиториум 115