Изложба на графичка мапа и нејзина постојана поставка „Ѕид на Креативна азбука“ – проектот е поддржан од ИИКСА
Во рамки на проектот „Креативна азбука“, во подготовка е изложбата на графичката мапа и нејзината постојана поставка „Ѕид на Креативна азбука“, која ќе биде поставена во просториите на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Проектот претставува мултидисциплинарна соработка помеѓу Факултет за ликовни уметности – Скопје и Филозофски факултет – Скопје – Институт за педагогија, реализиран во 2025 година.
Со 31 оригинално уметничко дело – по едно за секоја буква од македонската азбука – студентите создадоа креативна графичка мапа што ги поврзува уметноста и педагогијата, поттикнувајќи современи пристапи во наставата и љубов кон јазичното и уметничкото описменување.
Наскоро повеќе информации за отворањето.
Проектот е поддржан од ИИКСА


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)